Папата се заблагодари на Италијанската полиција

Папата се заблагодари на Италијанската полиција

Папата Фрањо се сретна на 28 септември во салата на Павле VI. со раководителите и персоналот на Инспекторатот за јавна безбедност во Ватикан, заедно со нивните семејства, по повод 75-годишнината од основањето, и им се заблагодари за нивната „тешка работа“, меѓу другото и за безбедноста на Папата и неговите соработници при патувањата во Италија.

Со зборови на благодарност за служењето на поклониците, нивната безбедност, како и на безбедноста на Папата и неговите соработници, служба која ја извршуваат марливо, професионално и во духот на пожртвуваност, како и со восхит за трпението кое го имаат во односите со луѓе од толку различни места и култури, но и со свештеници – им се обрати папата Фрањо на водачите и вработените во Инспекторатот за јавна безбедност. Неговите зборови беа полни со благодарност за тешката работа на мажите и жените кои бдеат над плоштадот Свети Петар и движењата на папата во Рим и по повод на неговите посети во бискупиите и заедниците во Италија.

Нивната работа бара дискреција и рамнотежа, како патувањата на Папата не би ги загубиле карактеристичните обележја за средба со Божјиот народ. Станува збор за работа која за присутните во Салата на Павле VI. е постојан повик за повеќе вредности; на човечките и духовните вредности за кои треба да се прифаќаат и сведочат секој ден – рече папата Фрањо. Тој посака напорите на италијанските полицајци во служба на Ватикан, кои често се изложуваат жртва и опасност, да бидат вдахновени од живата христијанска вера. Тоа е најскапоценото духовно богатство што ви го доверија вашите семејства и што сте повикани да им го пренесете на своите деца – рече Папата.

Тој посочи дека службата на „ватиканскиот“ Инспекторатот во изминатите 75 години е реализирана врз основа на длабоката врска што постои помеѓу Светиот Престол и Италија, а своите корени ги има во Латеранските договори од 1929 година. Тој потсети на приликите во кои е основан Инспекторатот, во март 1945 година, во сиромаштија и национална криза, кога политичките и социјалните сили се залагаа за демократска обнова.

Папата Фрањо ги спомена и деветте тешки месеци на германската окупација на Рим, од септември 1943 до 4 јуни 1944 година. Тогаш имаше проблем со почитување, од страна на германските војници, кон неутралноста и суверенитетот на градот Ватикан, како и на Папата. За време на окупацијата, границата меѓу италијанската држава и градот Ватикан, означена на тротоарот на плоштадот Свети Петар, беше место на напнатост и страв. Верниците не можеа лесно да влезат во базиликата за да се молат, и затоа многумина се откажуваа.

По ослободувањето на Рим, војната остави длабоки рани врз совеста, урнатини на улиците, сиромаштија и страдања во семејствата. Но, Римјаните и ходочасниците кои успеале да стигнат до Рим, сè повеќе оделе во базиликата Свети Петар, исто така, за да му изразат благодарност на папата Пиј XII, кој е и наречен ‘defensor civitatis’ (бранител на градот) – рече Папата.

Така, новата канцеларија на Државната полиција при Ватикан, помагајќи и гарантирајќи ја безбедноста на многу ходочасници, во соработка со ватиканските органи задолжени за јавниот ред и безбедноста на Папата, односно со жандармеријата и Папската швајцарска гарда, извршува важна служба за Италија и Светиот Престол – рече папата Фрањо.

Аудиенцијата заврши со молитва кон Свети Михаил Архангел, заштитник на италијанската државна полиција, при што Папата молеше заедно со Дева Марија да бдее над нив и нивните семејства.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот