Од проповедта на Папата: Пофалната молитва е тешка, но таа е извор на вистинската радост!

Да го фалиш Бог е потешко отколку да молиш милост од Него, но молитвата на пофалба е молитва на вистинска радост, тоа е пораката на папата Фрањо од проповедта на светата Литургија на 16 октомври во домот Света Марта.

Во центарот на проповедта на Папата е Посланието до Ефесјаните, во кое свети Павле со радост го воздигнува својот хвалоспев до Бог (Ефес. 1,1-10). Се работи за молитва на пофалба, рече Папата, за молитва која не ја воздигнуваме често: да го фалиш Бог е чиста безусловност и влез во голема радост.

„Ние одлично молиме кога бараме нешто од Бог, дури и кога му благодариме, но молитвата на пофалба е малку потешка: не е толку вообичаено да го фалиш Бог. Тоа најдобро го гледаме кога ќе се присетиме на работи кои Господ ги направил во нашиот живот: Во Него, во Христос, нѐ избрал пред создавањето на светот. Благосоловен си Господи, бидејќи си ме избрал! Тоа е радоста на нежната татковска присутност.“

„Молитвата на пофалба“, продолжува Папата, ни ја донесува таа радост, среќни сме пред Господ. Да се потрудиме да ја пронајдеме!“ поттикна папата Фрањо, а почетната точка е всушност потсетување на одбирањето: „Господ ме избрал пред создавањето на светот. Тоа е несфатливо!“

„Тоа не може да се сфати и не може да се замисли: Господ ме запознал пред создавањето на светот, моето името било во Господовото срце. Тоа е вистина. Тоа е откровение! Ако не веруваме во тоа – не сме христијани! Можеби сме исполнети со некаква религиозност, но не сме христијани! Христијанинот е избран, христијанинот е човек избран во Божјото срце пред создавањето на светот. И ова мисла го исполнува нашето срце со радост: јас сум избран! И ни дава сигурност.“

„Нашето име, продолжи Папата, е во Божјото срце, во Божјата утроба, како што детето е во утробата на мајката. Во тоа е нашата радост на избраност.“ Тоа не може да се сфати „само со главата“. Ниту само со срцето. За разбирање потребно е да влезеш во Таинството на Исус Христос. Во Таинството на Неговиот љубен Син: Он изобилно ја излеа Својата крв за нас, со својата мудрост и спознание, откривајќи ни го таинството на Неговата волја. Третиот став е: влези во таинството:

Кога славиме Евхаристија, влегуваме во Таинството, несфатливо до крај: Господ е жив, тој е со нас, во својата слава, во својата полнина и повторно го дава својот живот за нас. Ставот на влегување во Таинството мораме да го учиме секој ден. Христијаниот е жена, маж кој се труди да влезе во Таинството. Таинството не може да се контролира: тоа е Таинство! Во него влегувам.“

Молитвата на пофалба е над сѐ „молитва на радоста“, потоа, „молитва на сеќавање“: Колку Господ направил за мене! Со колку нежност ме следеше, како се спуши; се наведнува како што таткото се наведнува кон детето за тоа да оди.“ На крајот, Папата поттикна на молитва до Светиот Дух: „Нека ни даде милост да влеземе во Таинството, посебно кога славиме Евхаристија.“

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот