Папата ќе се сретне со сиромашни во Асизи на 12 ноември

Папата ќе се сретне со сиромашни во Асизи на 12 ноември

Тоа ќе биде приватна средба во која папата Фрањо ќе слуша и моли заедно со 500 лица од цела Европа во пресрет на Светскиот ден на сиромашните кој се одбележува на 14 ноември.

Светскиот ден на сиромашните го воспостави папата Фрањо со цел подигање на свеста за крикот и страдањето на сиромашните. Ова година се одбележува по петти пат и тоа под геслото од Евангелието според Марко: „Сиромасите секогаш ги имате со вас“ (Мк 14,7).

Во соопштението од Папскиот совет за нова евангелизација стои дека Папата во Асизи во базиликата Света Марија од ангелите ќе се сретне на 12 ноември со група од 500 сиромашни од различни делови на Европа и ќе помине со нив моменти на молитва и слушање.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот