Егзорцизам на папата Фрањо по завршувањето на светата Литургијата на Педесетница
Рим, 20.5.2013 /к.мк/ – Угледниот италијански весник Република објави дека во недела 19 мај, на празникот Педесетница на плоштадот Свети Петар, на крајот од светата Литургија, папата Фрањо се упатува кон болните што присуствуваа на Литургијата за да ги поздрави. Поздравувајќи Светиот Отец му се приближува на едно момче. Свештеникот што го придружува го претставува болното момче на Светиот Отец и во тој момент лицето и однесувањето на Папата изненадувачки се менува. Папата изгледа концентриран и ги полага рацете врз младото момче молејќи се интензивно. Според некои егзорцисти што ги видоа снимките се работи за молитва за ослободување од ѓаволот, попрецизно за вистински егзорцизам. Видеото може да се види на следниот линк: Егзорцизам на папата Фрањо.
Извор: www.repubblica.it/Превод: В.Н.