Евангелизација на плоштадот Гоце Делчев во Струмица
Струмица, 8.5.2013 /к.мк/ – На плоштадот Гоце Делчев во Струмица од недела, 12 мај со почеток од 16.00 часот, па секоја недела до Педесетница ќе се навестува Радосната вест од страна на заедниците на Неокатекуменскиот пат. На првата средба предвидена за 12 мај главна тема ќе биде „Мојот однос кон Бог. Кој е Бог за тебе? Дали веруваш во Бога? Зошто?
Тешко мене ако не го проповедам Евангелието – зборува светиот апостол Павле. Вториот Ватикански собор инсистираше на мисиското послание на Црквата. Папата Иван Павле II вели: „Не можеме да останеме мирни, гледајќи ги милионите свои браќа и сестри, кои се откупени со Христовата крв, а живеат не познавајќи ја Божјата љубов“. Папата Бенедикт XVI кога ја прогласи „Годината на верата“ повика на евангелизација на сите луѓе по целиот свет.
Поттикнати од повикот на Папата и епископите, Неокатекуменскиот Пат се вклучи во остварување на оваа евангелизација со „Голема Мисија по плоштадите“. Во целиот свет на повеќе од 10.000 плоштади, Неокатекуменските заедници, од Воскресението Христово до Педесетница, ќе ја навестуваат Радосната вест.
И.П.