Што ако еден ден почувствуваш Божји повик за да го следиш како свештеник? Што ќе направиш? Имаш ли храброст да размислуваш за тоа?
Поимот духовен повик и духовно звање денес за многу млади звучи прилично апстрактно и нејасно. Се почесто со зачуденост или можеби дури и со сожалување се гледа на младите кои ќе се одлучат да го наследуваат Христос во свештеничкиот или монашкиот начин на живот. За духовниот повик од голема важност е исправниот мотив затоа што тој е предуслов за подоцнежното значајно остварување на секој човекот кој се одлучува за овој повик. Со оглед на тоа дека повикот бара човечка целосна зрелост многу се вложува во формацијата и преиспитувањето на младите кои тргнале по патот на остварувањето на тој повик. Подготовката трае повеќе години за кандидатот исправно да се одлучи, а поглаварите да проценат дали е соодветен. Но, онаа вистинската формација најчесто се стекнува во семејството, иако не можеме да ги занемариме исклучоците кои со своето преобраќање го преобраќа и семејството. Но, семејството е прво кое го воспитува во верата и ја всадува верата во детето и отвореноста за преиспитување на тоа несекојдневно звање. (…)
Кога ќе пораснам сакам да бидам… свештеник!
Да донесеш одлука и да ја спроведеш до крај – упорно значи да се оствари духовниот повик. Да тргнеш и да следиш. Во денешно време се важни професиите кои донесуваат слава и богатство затоа што општеството нѐ поттикнува на животот да гледаме преку парите и користа. Често се вели дека сѐ има своја граница, но границата на љубовта кон Бог е токму во тоа: нема граница. Овде зборуваме за звање кое бара храброст, почит, искреност, пожртвувавност, трпеливост. Зборуваме за духовен повик и колку младите се одлучуваат за ова „професија“, која не вклучува премногу „гламур“. Не станува збор за „привилигиран“ момент во животот, туку за нешто што исполнува и му овозможува на поединецот полесно да комуницира со околината. Се поставува прашањето како да се поттикнат младите на размислување за повик, како да се охрабрат за да станат она што го сакаат. Најчестата реакција е: Чудно е тоа со духовниот повик. Но, што е мистичното во тоа? Кога би направиле анкета на прашањата: Што ако еден ден почувствуваш Божји повик за да го следиш како свештеник? Што ќе направиш? Имаш ли храброст да размислуваш за тоа? Можеме само да погодуваме колку би би биле подготвени да одговорат со „да“.
Од бројните причини зошто не се одговара на повикот свештеник пресуден е стравот: Што ако згрешам? Во секој животен повик важно е човек да се „пронајде“. Важно е да се почувствува желбата нешто да станеме, да постигнеме, да чувствуваме поттик да се занимаваме со она што ни се допаѓа. За да го оствариме тоа потребно е да вложиме многу труд и жртви, а над сѐ – да веруваме во себе. Духовниот живот има свои карактеристики, а една од нив е исполнување на Божјата волја. На еден начин сѐ треба да биде на своето место и употребено во вистинската мерка. Истакнувањето на компонентите на духовниот живот доведува до бројни заблуди, но никогаш не ги одмавна оние кои сакат да ја живеат верата.
Духовен позив /к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк