Лино Червар: Секој играч мора да има и духовни вредности

Лино Червар: Секој играч мора да има и духовни вредности

Освен за ракометни теми, посебно за групата на репрезентацијата на Србија, Исланд и Шведска, зборуваше и за сиромашното детство, родителскиот пример, деновите како министрант и довербата во Бог, во семејниот и тренерски живот.

Во пресрет на Европското ракометно првенство во Хрватска, во јануарскиот број на месечниот магазин Глас Концила „Прилика“ новинарот Томислав Шоваговиќ разговара со Лино Червар. „Честопати сметаме дека без златото ништо не вреди. Некој императив ќе стави затоа што не верува дека поединецот или групата можат да бидат златни, а може да биде и златна желбата од љубов кон луѓето кои тоа го сакаат, како и репрезантацијата. Осудени сме, и покрај повредата на важните играчи, со екипата што ја имаме, да се бориме за секој сентиметар на планината со осум столбови, односно натпреварот, рекол Червар, а освен за ракометните теми, посебно во сплитската група со репрезантациите на Србија, Исланд и Шведска зборува и за сиромашното детство, родителскиот пример, деновите како министрант и довербата во Бог во семејниот и тренерски живот.

„Многумина ми префрлуваат во стилот „Лино што ти требаше сега после успешната кариера повторно да ја тренираш репрезентацијата“. Но токму затоа се зборува дека претходната генерација е непобедлива, многу подобра од сегашната, мене тоа ми претставува предизвик. Затоа што и слабите на хартија можат да се спротивстават на силните на паркет. Сопругата Клаудија, која ми создаде услови за да можам да работам креативно, вели дека човек не смее никогаш да се обесхрабри и дека златото блеска и во блатото“, рече хрватскиот тренер, зборувајќи за воспитувањето на играчите.

„Секој играч мора да има универзални, меѓу нив и духовни вредности. Мора да има и храброст, а посебно недостасува во политиката. Постои изрека која вели дека човекот ако не е храбар, не може да биде и чесен. Чесноста бара почитување, жртва и одговорност, три работи кои за кукавиците се исклучително тежок товар“, вели 67 годишниот Червар, освојувач на две златни и четири сребрени медали на клупата за хрватската ракометна репрезентација, долгогодишен тренер на скопски „Металург“ и поранешен македонски тренер.

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот