Дон Џузепе се откажа од сопствениот респиратор и почина: Спасете живот на некој помлад

Дон Џузепе се откажа од сопствениот респиратор и почина: Спасете живот на некој помлад

Почина отец Џузепе Барардели (72), кој се откажа во корист за младите од својот сопствен респиратор, кој му беше купен од парохјаните и покрај тоа што знаеше дека без да го користи респираторот ќе умре. Битката ја загуби во болницата Ловере, а при погребот жителите на Касерта излегоа на балконите од своите куќи поздравувајќи го го солзи и аплауз.

Времето на пандемијата КОВИД – 19 донесува и херојски приказни.

Дон Џузепе последните четиринаесет години беше парох во Касигња. Пред неколку дена, поради заразата со новиот вирус заврши во болницата во Ловере. Со неговата насмевка, достапност и активизам во реализација на големи животни дела, успешно ги прикриваше своите грижи кои ги носеше поради своите здравствени проблеми, пренсуваат италијанските католички медиуми.

Не правел разлика меѓу луѓето

Тој бил едноствен, директна личност, многу љубезен, услужлив и пријатен кон сите, како со верниците, така и со неверници. Секогаш поздравувал со ‘мир и добро’. Секогаш пријателски расположен, учествувал во сите настани, а при тоа никогаш не се наметнувал. Сите го сакале, неговите поранешни парохјани со години доаѓале да го посетат. Постојано се возел со својот мотор “galletto”. Едноставно бил свештенник кој сите го сакале, со тие зборови го опишува градонаалникот на Касигња, Џузепе Имберти.

Џузепе умре како свештеник

„Длабоко ме погоди фактот што дон Џузепе се откажа од респираторот, кој му го купи парохиската заедница за да го отстапи на некој помлад од него“ – вели еден од здравствените работници во домот “Сан Џузепе“ во Касигња. Да, дон Џузепе се откажа од респираторот, иако знаеше дека без него ќе умре. Тоа и се случи, ја изгуби битката со животот, но неговото име и херојскиот чин остануваат! Умре како свештеник. Ова е можеби и најдобрата слика за душата на свештеникот, кои ги освојуваше сите со својата едноставност. Беше свештеник кој знаеше сите да ги сослуша, знаеше да слуша. Секој кој ќе се обратеше на него можеше да смета на неговата помош – вели Клара Поли, додавајќи: Отвори центар за помош, преку кој помагаше на бројни семејства и многу странци. Кога и да го сретнеш на моторот, секогаш беше ведар и полн со ентузијазам, даруваше мир и радост на нашите заедници

Најмалку 30 свештеници умреа во Италија од коронавирусот, а меѓу нив околу 16 од бискупијата Бергамо.

к.мк

Категорија: Вести, Сведоштва, Свет

За авторот