Децата од целиот свет молеа за децата во Сирија

Децата од целиот свет молеа за децата во Сирија

Милион деца во целиот свет молеа света Бројаница за мир и единство во Сирија. Фондацијата со папскo правo „Помош на црквата во неволја“ веќе со години меѓу малите промовираа молење на света Бројаница, а децата во целиот свет оваа година молеа за сириските деца.

Во последните бомбардирањa на Алепо загинаа голем број деца, а досега пропаднаа сите дипломатски обиди за да стави крај на кризата во Сирија.

Зборувајќи за иницијативата на фондацијата и за состојбата во Сирија, Алесандро Монтедуро директор на италiјанска филијала на „Помош на црквата во неволја“ рече дека фондацијата веќе единаесет години во целиот свет ги вклучува децата во голем потфат со молење на Света Бројаница. Децата се главните протагонисти на овој потфат – рече Монтедуро.

На прашање за осмислувањето на потфатот истакна дека иницијатива е вдахната од зборовите на свети Пио од Пиетрелчина, кој кажал дека светот ќе се промени ако милион деца молат Света Бројаница. Ние веќе со години промовираме детско молење на Света Бројаница, а во 2009 година објавивме и една мала брошура насловена: „Ние децата молиме Света Бројаница.“ Испечатена е во 600 илјади примероци на осум јазици. Сакавме молејќи да создадеме заедница, а ја нарековме „маријанска социјална мрежа.“ Така е наречена затоа што секој може -иако децата се протагонисти за молење на Светата Бројаница – да се вклучи во молитвата, свесен дека заедницата се собира околу Бројаницата.

На прашање за важноста на молењето на Светата Бројаница рече дека одговорот се наоѓа во верата. За да ја сфатиме важноста на молитвата освен личното внатрешно уверување можеби ни треба можност да сретнеме некој на кој во овој момент му е потребна молитва. Мислам на бедните луѓе, на настраданото население, на жртвите од вооружените конфликти: потсетувајќи ја оваа реалност личноста сфаќа колку за нив е важна дури повеќе отколку за нас и за нашата вера молењето на Светата Бројаница и молитвата како таква – рече.

Осврнувајќи се на животот на децата во Алепо нагласи дека состојбата е многу драматична; бројките јасно ја илустрираат дрматичната слика не само во Сирија туку и во Ирак. Околу 11,4 милиони Сиријици мораа да бегат од своите домови, а половина се деца. Повеќе од два милиони деца во Сирија заради војната го напуштија училиштето. Според податоците на УНИЦЕФ урнато е секое четврто училиште, а според податоците на една истражувачка група (Oxford Research Group) од Англија во Сирија во првите две воени години загинале 11.500 деца.

Во Ирак пак 2 милиони деца не посетуваат училиште, а последните години се урнати 5.300 училишта. Тоа е ужас? Како можеме да им помогнеме? Со надеж. Во Ирак според она што го гледаме и што прави „Помош на Црквата во неволја“ околу 7.000 деца во Ербил и Духок посетуваат училиште за бегалци затоа што морале да побегнат од Мосул и Нинивската долина. Посетуваат прекрасни училишта, а имаат многу стручен наставен кадар – рече Монтедуро.

На прашање за иднината на тие деца истакна дека нивната иднина зависи од меѓународната заедница и од заземањето на оние кои можеле, а сѐ уште ништо не направиле од она што требало, а не од нив самите. Имајќи во предвид дека судбината на едно дете во секој случај и секогаш е наша појдовна точка, фондацијата „Помош на црквата во неволја“ се зазема христијанските деца и понатаму да можат среќно да живеат во својата земја, на Блискиот Исток. Децата сакаат како христијани да живеат и растат во својата земја, да живеат во мир со сите во Сирија и во Ирак – заврши Алесандро Монтедур.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот