Десет години од упатствата „Dignitas connubii“

„Dignitas connubii“ (Достоинството на бракот), десет години по неговото објавување. Проценка и можности!“, тоа е темата на меѓународната конференција која овие денови се одржува на Факултетот по канонско право при Папскиот универзитет Грегоријана, а учесниците Светиот Отец ги прими во сабота 24 јануари во аудиенција.

Големиот број учесници на споменатата конференција покажуваат великодушен одговор на поттикот кој секој вистински службеник при црковните судови го чувствува во работата за доброто на душите, истакна папата Фрањо. Тоа пак ја покажува важноста на споменатиот документ, кој не е наменет за правни стручњаци, туку за вработените во месните судови. „Dignitas connubii“ е скромен, но корисен прирачник кој ги води службениците во судот во постапката „истовремено кон вердостоен и брз процес“.

Веродостојноста на процесот бара морална сигурност, потполно отстранување на секакво разборито сомневање и тогаш кога „потполната можност на спротивното“ не може да се исклучи. Од друга страна, се работи за „брз процес“, бидејќи според зборовите на Папата, искуството учи дека тие што добро го познаваат патот, брзо патуваат. Познавањето и применувањето на упатствата може да им помогне на службениците да ги скратат судските процеси, кои често на сопружниците им изгледаат долги и заморни.

До сега сеуште не се истражени сите средства кои овие упатства ги ставаат на располагање за процесот да биде брз, лишен од било каков формализам кој е сам за себе цел; а не можат да се исклучат ниту идни законодавни акти со иста цел, рече папата Фрањо и потсети на улогата на бранителот на брачната врска.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот