Деканот Зоран Стојанов служеше света Литургија во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

Деканот Зоран Стојанов служеше света Литургија во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица

На петтата недела од Великиот пост, 21 април 2024 година во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – во Струмица светата Литургија ја предводеше протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“, директор н Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци, а со него сослужуваше парохот и директор на Радио Марија протојереј отец Гоце Костов.

На почетокот од проповедта, отец Зоран И. Стојанов најпрво ги пренесе поздравите до верниците од Н.В.П. монсињор Киро Стојанов, а потоа ја истакна радоста што може оваа недела да биде со верниците од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – во Струмица и заедно со нив да слави Евахристија.

Осврнувајќи се на неделното Евангелието рече: „Со овој Евангелски настан Исус нѐ потсетува денес и нас да не заборавиме на скромниот и едноставен живот, бидејќи амбициите на овој свет лесно нѐ одвлекуваат и ја мамат душата насочувајќи ја во погрешна насока. Ако не внимаваме на духовниот живот и растот во Бога, световните желби нѐ влечат и нѐ одвлекуваат и забораваме дека Бог има планови за нас, односно дека сака да го реализираме нашиот живот на поинаков и поцелосен начин од самата земна или материјална реализација.“

Покрај верниот народ на светата Литругија присутвуваа и членовите на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски, Ели Панова, Јадранка Поцкова, Жан Дрвошанов и Славе Гошев.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот