Двете најголеми богатства во нашите животи се Господ и ближниот

Двете најголеми богатства во нашите животи се Господ и ближниот

Двете најголеми богатства во нашите животи се Господ и ближниот – порача папата Фрањо на светата Литургија во базиликата Свети Петар на 13 ноември 2016 година по повод Јубилејот на општествено маргинализираните луѓе.

Папата се запраша за вистинското човеково богатство и конечната смисла на животот, а верниците ги повика да се запрашаат: „За што копнее моето срце: за Бог на животот или за минливи и краткотрајни работи кое не можат да ме исполнат?“

Исус – продолжи Светиот Отец – во денешното Евангелие говори дека прекрасниот ерусалимски храм ќе биде разрушен. Сѐ што гледаме неизбежно ќе помине, сѐ ќе исчезне порано или подоцна. Откако Исус им го кажал тоа, учениците сакале да знаат „кога“ и „како“ тоа ќе се случи. Нас постојано нѐ гони љубопитноста – вели папата Фрањо – но Исус нѐ одвраќа од тоа. „Тие кои го наследуваат Исус не се грижат за пророците на пропаста, бесмисленоста на хороскопот или застрашувачките проповеди кои одвлекуваат од вистинските важни работи,“ reöe Папата и додаде дека е важно „да се разликува зборот на мудроста со кој Бог ни говори секој ден, од викањето на оние кои во Божјо име сакаат да заплашуваат, кои промовираат поделби и страв.“

Исус ни порачува да не се плашиме, па „дури ниту тогаш кога сме соочени со најсериозни искушенија и неправди кои можат да ги погодат неговите ученици. Нѐ повикува да бидеме упорни во доброто, да имаме доверба во Бог кој не разочарува: „Но ни влакно од главата ваша нема да ви загине.“ Бог не ги заборава своите верни, своето скапоцено наследство. Тој нѐ не заборава“, истакна папата Фрањо и продолжи:

„Денешните читања ни служат како „сито“ преку кое можеме да ги просееме нашите животи: потсетувајќи нѐ дека сѐ на овој свет ќе помине. Но постојат скапоцени реалности кои остануваат како вреден камен во ситото. Што е тоа што останува, кои богатства не се минливи? Јасно е дека тоа се: Господ и нашите ближни. Тие се најголемите добра; нив треба да ги љубиме. А сѐ друго – небесата, земјата сето она најубаво, па и оваа базилика – ќе поминат; но никогаш не смееме да ги исклучиме Бог и другите од нашите животи.“

Неприфатливо е да се отфрла човечката личност, врвот на Божјото создание и да се дава предност на минливи работи, „затоа што во Божјите очи човекот е највредното добро,“ рече Светиот Отец и продолжи: „Злобно е што сѐ повеќе се навикнуваме на оваа отфрлање. Би требало да се загрижиме кога нашите совести се анестезирани и повеќе не можеме да го видиме нашиот брат или сестри или не ги забележуваме големите проблеми во нашиот свет.“

Папата нѐ повикува да не свртиме грб на „Лазарите“, исклучените и отфрлените на денешницата затоа што тоа е свртување грб на самиот Бог. Предупреди на духовната склероза која предизвикува да негуваме поголем интерес за предметите отколку за луѓето. Трагичната противречност на нашето време е што од една страна сѐ повеќе напредуваме, а од друга страна сѐ помалку луѓе имаат удел во тој напредок. За тоа треба да се води грижа, а не кога и како ќе заврши светот – рече Светиот Отец.

Папата исто така повика да не ги затвораме своите очи пред Бог и ближниот. „Да ги отвориме очите за Бог, да ги очистиме очите на нашето срце од погрешната и застрашувачка слика, од богот на моќта и осветата, од проекцијата на човечката гордост и страв. Да го управиме својот поглед во Бог на милосрдието со доверба, со сигурноста дека „љубовта никогаш не престанува“ (1 Кор 13, 8). Да ја обновиме нашата надеж во вистинскиот живот на кои сме повикани, животот кој нема да помине и кој нѐ очекува во заедништво со Господ и другите, во среќата која ќе трае засекогаш без крај“ и проповедта ја заврши со следните зборови:

„Да ги отвориме очите за нашите ближни, посебно за браќата и сестрите кои се заборавени и отфрлени. На нив е насочена „лупата“ на Црквата. Нека Господ нѐ ослободи од свртувањата кон самите себе. Нека не ослободи од надворешното кое ни го одвлекува вниманието, од интересите и привилегиите, од наврзаноста на моќта и славата, од заведувањето од духот на светот. (…) Една древна традиција нѐ потсетува токму на тоа: римскиот маченик свети Лаврентиј пред да поднесе сурово мачеништво заради љубовта кон Господ ги разделил добрата на заедницата на сиромашните кои ги нарекол вистинско богатство на Црквата. Нека Господ ни даде да гледаме без страв на она што е вистински важно и да ги насочиме нашите срца кон тоа вистинско богатсво.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот