Да ги надминеме потешкотиите

За детето Божјо секој ден мора да биде можност за обнова, со помош на благодатите, да биде сигурен дека ќе стигне до крајот на патот, а тоа е љубовта. Па затоа, ако започнеш и од ново започнеш, добро одиш. Ако имаш победнички дух, ако се бориш, со Божја помош, ќе победиш! Нема потешкотија која ти не би можел да ја надминеш! (свети Хоземарија)

Си мислиш дека целиот свет е против тебе. Никаде не наоѓаш излез. Навистина, овој пат е невозможно да ги надминеш потешкотиите. Но, дали веќе заборави дека Бог е твојот Отец: Единствен, Семоќен, Сезнае, милосрден Отец? Тој не може да ти испрати никаково зло. Тоа што сега ти задава грижа е добро за тебе, иако твоите човечки очи сега се слепи и не можат да го сфатат тоа.

Omnia in onum! Господи, нека секогаш и засекогаш се исполнува твојата сезнајна волја!

Радост, натприродното и човечкото надевање, се споиви со телесниот замор, со болка, со солзи – бидејќи имаме срце, – со тешкотии во внатрешниот живот или во апостолската работа.

Тој, „perfectus Deus, perfectus Homo”- совршен Бог и совршен човек – кој ја имаше целата среќа на Небото благоволи да искуси мака и умор, плач и болка…, за да сфатиме што значи да се биде натприроден, вклучува да се биде потполно и човек.

Да се верува и да не се дозволи со нас да надвладее малаксаноста; не запирајте на чисто човечки пресметки. Препреките ќе ги надминеме ако почнеме со работа и е со полно залагање, се фатиме за работа, така што токму тоа залагање ќе ни отвори нови патеки. А ова е лекот против сите потешкотии: лична светост, преданост на Господ.

Да бидеш свет значи да живееш онака како што одреди нашиот Отец на небесата, ќе приговорите дека е тешко. Да тој идеал е преголем. Но истовремено е лесен: стои на дофат на твоите рацете. Кога некој ќе се разболи, се случува понекогаш да не се најде вистинскиот лек. На натприроден план тоа не е така; лекот секогаш е на дофат: Исус Христос присутен во Светата Евхаристија. Освен тоа, Тој ни ги дава своите благодати преку другите свети Тајни кој ги востановил.

Да ги повториме зборовите: Господи, се доверувам на Тебе, мене ми е доволна твојата општа провидност, твојата секојдневна помош. Од Бог немаме зошто да молиме за големи чуда, но треба да молиме за да ни ја умножи верата, да ни го просветли разумот и да ни ја зацврсти волјата. Исус останува секогаш со нас и секогаш се однесува онака како што е Тој.

Од почетокот на моето душогрижништво ве предупредував на опасноста од лажна побожност. Избрани сме по Божјот повик пред сите векови: зашто нè избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов. “ (Ефесјаните 1,4). Ние кои на посебен начин му припаѓаме на Бог ние сме неговото орудие без разлика на нашата беда, ќе бидеме корисни ако не ја изгубиме од вид својата бедност. Исукушенијата ни ја покажуваат димензијата на нашите сопствени слабости.

Ако чуствувате обесхрабреност заради некое можеби посебно впечатливо искуство на сопствената ограниченост, тогаш е дојден моментот потполно да се препуштите во рацете Божји. Се раскажува, како еден ден, еден просјак го сретнал Александар Велики и го замолил за милостиња. Александар заповедал да го направат господар на пет града. На сето тоа просјакот збунет, извикал: „ Но јас не молев за толку многу“! А Александар одговорил: „Ти си молел како оној кој си, а јас ти давам како оној кој сум!“

Дури во моментите кога ние својата ограниченост длабоко ја чуствуваме, можеме и мораме да го подигнеме погледот кон Бог Отец, Бог Син и Бог Дух Свети, бидејќи сме учесници во божествениот живот. Никогаш не постои оправдана причина за враќање назад (сп. Лука 9,62): Господ е на наша страна. Мораме да бидеме верни и лојални, свртени кон своите должности и во Исус наоѓаме љубов и поттик за разбирање на туѓите грешки и совладување на истите. И така сите тие падови – твои, мои и на сите луѓе – така ќе бидат потпора за Христовото царство.

Да ги спознаеме своите болести, но и да ја признаеме Божјата моќ. Оптимизам, радост, цврсто верување дека Бог сака со нас да се послужи, бара да дадеме одбележје на христијанскиот живот. Ако се чуствуваме како дел од таа света Црква, ако сметаме дека нас не потпира цврстата карпа Петрова и делувањето на Светиот Дух, тогаш ќе се одлучиме да ги исполнуваме малите должности во секој момент: секој ден по малку ќе светиме. А жетвата ќе го наполни амбарот до врвот. (Превод: Д.И.)

Категорија: Размислување

За авторот

Write a Comment

<