Евангелијата не прецизирaат дали Марија и Јосиф оделе пеш или користеле магаре за превоз. Најчестата слика на Марија и Јосиф како патуваат во Витлеем покажува како Марија бремена јава магаре, додека Јосиф оди пеш по патот. Дали е ова автентичен приказ на она што навистина се случило? Дали Марија јавала магаре?
Евангелието ги изоставува ваквите детали, бидејќи во времето кога е пишувано Евангелието сите знаеле како се патува.
И сите одеа за да се запишат, секој во својот град. Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство, да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена. А кога беа таму – и дојде време да роди. 7И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата (Лука 2,3-7).
Не се споменува магаре, камила, ниту било или каков било друг начин на превоз. Од каде потекнува традицијата со магарето?
Една од главните причини зошто магарето се поврзува со Божиќната приказна е прото-евангелието според Јаков, небиблиски извештај за животот на Марија, кој датира од 2 век.
И имаше наредба од царот Август да се запишат сите од Витлеем Јудејски. И Јосиф го оседла магарето и ја качи (Марија н.з.) на него.
Можно е свети Јосиф всушност да ја водел Марија во Витлеем качена на магаре. Тоа било вообичаен начин на патување во тоа време и магарињата биле популарни меѓу сите класи на луѓе.
Сепак, повеќето современи библиски научници велат дека е поверојатно Светото семејство да патувало во карван со луѓе.
Крис Милер во статијата за Ascension Press дава многу поинаква слика.
Не беа само Марија и Јосиф кои тргнаа на пат. Повеќе од веројатно, патиштата меѓу градовите биле преполни со патници. Никој не би помислил да патува сам на вакво патување. Не е безбедно, бидејќи територијата меѓу градовите не била обезбедувани, а разбојниците претставувале вистинска опасност. Луѓето веројатно патувале во големи каравани поради практични работи, но и поради безбедноста. Марија и Јосиф би биле дел од луѓето кои патувале со караванот Сигурно била посебна глетка.
Ваква анализа е објавена и во една статија во Los Angeles Times..
А „разбојниците, пустинските бандити и ограбувачите“ биле исто така вообичаена опасност по големите трговски патишта каков што бил патот по кој патувале Јосиф и Марија, вели отец Петар Васко, католички свештеник и директор на Фондацијата Света Земја. Заканите од разбојниците честопати ги принудувале осамените патници да се приклучат на трговските каравани поради заштита.
Никогаш не можеме да го дознаеме точниот начин на превоз што го користеле Јосиф и Марија, но знаеме дека ги има многу. Можеле да користат магаре, да пешачат или да патуваат со други луѓе во караван.
Како и да патувале, сигурно е дека било макотрпно и нивното патување не охрабрува на нашето духовно патување до празникот Божиќ.
Алатеија/к.мк