Дали ги искористуваме Божјите работи за сопствена продобивка
Вистинската вера отворена за другите и за прошката прави чуда. Бог ни помага да не паднеме во егоистична и шпекулантска религиозност – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 29 мај во капелата на домот Света Марта.
Вистинската вера отворена за другите и за прошката прави чуда. Бог ни помага да не паднеме во егоистична и шпекулантска религиозност – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 29 мај во капелата на домот Света Марта. Денешното Евангелие во сликата на смоквата која не дава плодови и во сликата на трговците во храмот ни прикажува три начини на живот.
На прво место смоквата претставува стерилен живот кој не може да дарува; живот кој не дава плод и не може да прави добро- рече Папата. Тој е сигурен, егоистичен начин на живот кој „не сака проблеми“. Меѓутоа Исус ја проколнува смоквата затоа што е стерилна; што не дава плод. Тоа според толкувањето на папата Фрањо претставува човекот кој никако не му помага на ближниот и живее само за себе. Исус пак ја осудува духовната стерилност и егоизмот.
Вториот начин на живот оној на трговците, шпекуланти во храмот, кои го искористуваат дури и Божјото свето место за својата придобивка. Храмските свештеници не само што тоа го толерирале, туку и го дозволувале. Тоа се луѓе кои од верата прават работа. Исус за таквите не ги штеди зборовите: Мојот дом е дом за молитва. А вие сте го направиле разбојничка пештера!
Тоа било искористување на народот кој ходочастел во храмот и молел за благослов – рече Папата. Свештениците не ги учеле да молат, не им давале катехези. Тоа била разбојничка пештера: плати, влези, направи обред на празен начин без побожност. Затоа Папата запраша: Ни се случува ли тоа и на нас – да ги искористуваме Божјите работи за сопствена продобивка?
Конечно, третиот начин е „животот на верата“. Како вели Исус: „Сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде!“ Само еден услов: „И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.“ Тоа е живот на верата, за да му се помогне на ближниот и да се приближи до Бог. Таа вера прави чуда – истакна Папата, завршувајќи ја проповедта со молитва Господ да нè поучи на живот во верата и да ни помогне да не паднеме во стерилност или шпекулирање.
РВ/Д.И.