Големо интервју на папата Фрањо: Во секое идеализирање се сокрива агресија
Ви раскажувам за мојата прва година како Папапа. Со овој наслов во среда 5 март е објавено долго интервју на папата Фрањо во италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера”. Пренесуваме некои извадоци во сопствен превод:
Свети Оче, понекогаш телефонирате со луѓе кои бараат помош од вас…
Да, како свештеник во Буенос Аирес тоа беше многу поедноставно за мене. Но навика остана. Тоа е служба, тоа е она што го чувствувам во мене. Се разбира, сега тоа не е толку лесно, бидејќи толку многу луѓе ми пишуваат
Средби со Папата
Дали има некој контакт, некоја средба, на која посебно се сеќавате?
Вдовица на осумдесет години, која го загуби својот син. Таа ми пишува. И сега јас и се јавувам еднаш месечно. Таа е среќна. Јас сум свештеник и тоа ми се допаѓа.
Каков е вашиот однос ос вашиот претходник? Дали можеби сте го прашале за совет?
Да почесниот Папа не е музејска стауа. Тој е институција. На тоа не сме навикнати. Пред шеесет или седумдесет години, немаше епископ во мирување. Тоа дојде после соборот. Денес тоа е една институција. Исто мора да се случи и со почесен Папа. Бенедикт е првиот, а можеби ќе има и понатаму. Тоа не го знаеме. Тој е дискретен, смирен, и не сака да пречи. Ние разговаравме за тоа и заедно одлучивме дека е подобро ако тој се гледа со луѓето, излегува и зема учество во животот на Црквата … Неговата мудрост е дар од Бога … “
Дали Папата е осамен човек?
Да и не. Разбирам што сакате да кажете. Во својата работа Папата не е сам, затоа што многумина го придружуваат и го советуваат. Тој би бил сам кога би одлучил без да се консултира со други…. Но, постои еден момент кога станува збор за донесување на одлука… тогаш тој е сам во својата совест за одговорноста.
Воведувте новости…. Ја раздвиживте Куријата… дали Црквата се промени во тој правец, каква што ја посакувавте пред една година?
Во март минатата година немав проект за промена на Црквата. Да кажеме: Јас не планирав преминување од една во друга епархија. Кога јас започнав со понтификатот, се обидов во пракса да го спроведам она што произлезе во дебатите од кардиналите во повеќе Конгрегации (пред конклавите). Во моите постапки чекам Господ да ми даде инспирација
Нежност и милосрдие се основата на вашата духовна порака….
Тоа доаѓа од Евангелието. Тоа е централното во Евангелието.
Во секое идеализирање се сокрива агресија
Дали оваа порака е разбрана? Вие рековте дека оваа „Фрањо возбуда“ нема да трае долго. Дали има нешто што не ви се допаѓа за тоа како сте прикажани во јавноста?
Со задоволство сакам да бидам со луѓе, да бидам заедно со оние кои страдаат, како и тоа да бидам приустен во некоја парохија. Не ми се допаѓаат идеолошките интерпретации, од типот папата Фрањо – мит. Ако некој вели дека, на пример, за излегувањето навечер од Ватикан за да им се однесе храна на бездомниците на Виа Отавијано. Тоа никогаш не ми паднало на ум. Ако не се лажам, Зигмунд Фројд во една прилика вели: Во секое идеализирање се сокрива агресија. Да се прикаже еден Папа како супермен, како еден вид ѕвезда, мене ми изгледа навредливо. Папата е човек, кој се смее, плаче, спие мирно и има пријатели како и сите. Тој е нормален човек.
Дали имате носталгија за Аргентина?
Вистината е дека немам носталгија. Но би сакал да ја посетам мојата сестра, бидејќи е болна, која е последна од нас петмина деца во семејството. Би сакал да ја видам, но тоа не може да се оправда со патување во Аргенитна. Јас и се јавувам и тоа е доволно. Пред 2016 година не планирам да патувам таму, а во Латинска Америка веќе бев, во Рио. Сега ќе патувам во Светата Земја, Азија, а потоа и Африка.
Не ви се допаѓаат обвинувањата за марксизмот, посебно од Америка, по објавувањето на Evangelii Gaudium?
Не, воопшто. Јас никогаш не сум ја прифаќал марксистичката идеологија, затоа што таа не е вистина, но имам запознато многу храбри луѓе, кои се марксисти.
Случаи на злоупотреба и сиромаштијата
Скандалите го извалкаа живот на Црквата, за среќа тие се зад нас …
Сакам да кажам две работи. Случаите на злоупотреба се ужасни, бидејќи оставија длабоки рани. Бенедикт XVI беше многу храбар и го отвори патот. На овој пат Црквата има направено многу. Можеби повеќе од било кој друг. Статистиката на феноменот на насилството врз децата се импресивни, но тие исто така јасно покажуваат дека најголемиот дел на злоупотреба се случуваат во семејството и соседството. Католичката црква е можеби единствена јавна установа која одговори со транспарентност и одговорност. Никој друг не направи повеќе. А сепак Црквата е единствената која е напаѓана.
Вие ја нарекувате глобализација, посебно во финансискиот сектор едно од злата кои го загрозуваат човечкиот род. Меѓутоа, глобализацијата исто така ослободи милиони луѓе од сиромаштија …
Тоа е точно, глобализацијата спаси многу луѓе од сиромаштија, но исто така многумина осуди да изгладнат до смрт, бидејќи овој економски систем е селективен … Тековниот економски и особено финансиската глобализација води кон унифицирано размислување, ослабување на мислата. Во фокусот повеќе не е човекот, туку парите.
За семејството… се очекуваат големи новости. Вие самите кажавте за разведените: Не треба да се осудуваат, туку да им се помогне.
Ова е долг пат, кој треба да го помине Црквата. Тоа е процес кој го сака Господ… Семејството се наоѓа во една многу сериозна криза. Тешко е и да се формира. Младите многу малку се женат. Постојат многу разведени семејства, чиј заеднички живот не успеал. Децата страдаат многу. Ние треба да дадеме одговор. Но, за тоа треба да размислуваме длабоко … Треба да се избегне површинското размислување….
Би ме загрижило недостатокот од дебата
Зошто предавањето на кардиналот Каспер на последниот конзисториум предизивка голема спротивставеност меѓу кардиналите? Што мислите дали може Црквата во наредните две години (до Епископската синодата за семејството во октомври 2015 година) да го помине патот, така што ќе може да стане збор за широк и добар конзензус.
Кардинал Каспер одржа едно убаво и длабоко предавање, кое наскоро ќе биде објавено на германски јазик. Во него тој зборуваше во шест точки, од кои последна беше за разведени, кои живеат со друг партнер во граѓански регистриран брак. Јас би бил загрижен ако немаше интензивна дебата за време на конзисториумот, а тоа немаше ништо да донесе. Кардиналите знаеја дека можат да кажат што сакаат, и при тоа тие дадода различни појдовни гледишта, кои збогатуваат. Братската и отворена дебата е предуслов за да можат да растат теолошките и пасторалните размислување. Од тоа јас не се плашам, напротив, тоа го барам!
Во не толку далечното минато, се зборуваше за т.н. „вредности за кои не се преговара”, особено за биоетиката и сексуалниот морал. Оваа формулација вие веќе не ја користите … Дали со тоа сакате да покажете еден стил кој е помалку склон кон прописите и има повеќе почит кон личната совест?
Никогаш ја немам сфатено формулацијата за вредности за кои не се преговара. Вредностите се вредности и толку. Сепак не можам да кажам дека прстите од едната рака ќе бидат помалку корисни од оние на другата. Тоа е причината зошто јас не можам да разберам во која смисла би можело да има вредности за кои би можело да се преговара…
Многу земји донесуваат правила за склучувања граѓански брак. Дали е ова начинот, кој може да го разбере Црквата? И до која точка?
Бракот се склопува помеѓу еден маж и една жена. Секуларните држави сакаат да го оправдаат граѓанскиот брак, за да регулираат одредени ситуации на заеднички живот. Тоа предизвикува потреба да се регулираат економските аспекти меѓу луѓето, на пример, здравствено осигурување. Тоа се договори за заеднички живот на различни начини… Мора да се разгеда секој поединечен случај и да се оцени нивната разновидност.
Како може да се унапреди улогата на жената во Црква?
Тука суптилноста не ни помага… Црквата е женски термин: од почетокот е женски термин. Големиот теолог Ханс Урс фон Балтазар има многу работено на оваа тема: Маријанскиот принцип ја води Црквата, заедно со Петровиот принцип. Дева Марија е поважна од било кој епископ и било кој апостол. Теолошкото продлабучување е во тек …
Павле VI имаше храброст да се спротистави на мнозинството
Дали може Црквата, после половина век од енцикликата Humanae Vitae на Павле VI повторно да поработи на тема контрола на раѓање.
Сето тоа зависи од тоа како се интерпретира Humanae Vita. Самиот Павле VI препорачува на исповедниците да имаат многу милост и внимателност за секоја конкретна животна ситуација. Но неговата генијалност е пророчка, тој имаше храброст да се спротивстави на мнозинството, да ја брани морална дисциплина и да повлече културна кочница… Прашањето не е дали да се промени научувањето, туку дали ќе се оди во длабочина и ќе се погрижи во пасторалот да се земат во предвид конкретните животни ситуации…. Исто така и за ова ќе се зборува за на патот до Синодата.
Дали вашата претстојна посета на Светата Земја може да доведе до договор за евхаристиско заедништво со православната заедница? …
Сите сме нестрпливи да се дојде до конечни резултати. Но на патот до единство со православните пред сѐ значи: да се оди заедно и да се работи… Православната теологија е исклучително богата , и мислам дека тие имаат во овој момент големи теолози…
За неколку години Кина ќе биде најголемата суперсила, а Ватикан нема односи со Кина …
Ние сме блиски со Кина. На претседателот Кси Јинпинг му испратив писмо, кога беше избран, три дена по мене. И тој ми одговори. Постојат некои односи. Тоа е голем народ, кој што го сакам.
Свети Оче, зошто никогаш не зборувате за Европа?
Се сеќавате ли на денот кога зборував за Азија? Што кажав тогаш? Воопшто досега не сум зборувал за Азија, и не сум зборувал за Африка, а исто така и за Европа. Само за Латинска Америка, кога бев во Бразил, и кога ја примив комисијата за Латинска Америка. Едноставно немаше прилика да се зборува за Европа. Но и тоа ќе се случи.
Дали некогаш сте биле вљубени?
… Кога бев во семинаријата, со недели една девојка ми ја сврте главата.
И како се заврши работата
Тоа веќе му го кажав на мојот исповедник (насмевка)