Годишнина од атентатот на папата Иван Павле II

“Non abbiate paura!”! (“Не плашете се!”) – истакна папата Иван Павле II во својот прв говор како Папа, кога најави борба против тероризмот и и сите зла на овој свет. Светиот Отец Иван Павле II од самиот почеток на понтификатот се застапуваше за мир, опростување и помирување, како и дијалог со другите.

Два дена пред посетата на папата Иван Павле II на цариградскиот патријарх пристигна писмо со закана, потпишано од терористот Али Агча, во кое го најави атентатот. Својата намера ја изврши на 13 мај 1981 година. Во 17 часот и 17 минути на одалеченост од 7 метри испука неколку куршуми на папата Иван Павле II. Папата е погоден со два куршума и итно е префрлен во болница. На плоштадот Свети Петар, мноштвото, кое на тој ден учествуваше на свечената аудиенција, плачеше и молеше за него. Потешко се ранети и две жени, кои останаа живи.

Полицијата го совлада атентаторот, кој е осуден на доживотен затвор. После атенттот започнаа да кружат приказни за тоа кој стои зад тој злосторнички чин, бидејќи има сомнежи дека Агча не бил сам.

Откако се опорави, папата Иван Павле II во 1983 година го посети својот атентатор во затворот. Му прости на атентаторот, а куршумот со кој беше погоден го даде да биде вграден во златната круна на Богородица.

Папата го замоли италијанскиот претседател Чампи да го помилува Агча, кој пак на крајот е пуштен од италијанскиот затвор. Папата беше во контакт со семејството на Агча. Се сретна со неговата мајка, а покасно и со неговиот брат. Додека папата Иван Павле II беше болен, Агча му испрати писмо со добри желби. Кога умре Папата атентаторот изрази длабоко сочувство.

Лаудато/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот