Генералниот секретаријат на Епископската синода го објави официјалниот попис на учесниците

На Третата вонредна Епископска синода за семејството, која ќе се одржи во Ватикан од 5 до 19 октомври, ќе учествуваат 253 лица, исто така и 14 брачни парови, како слушатели или експерти – соопшти Главниот секретаријат на Синодата, кој денеска го објави официјалниот попис на учесниците.

„Синода“ значи „да се оди заедно“: затоа општата Црква, од сите пет континенти, тргнува кон Петровиот престол заедно да размислува за „пасторалните предизвици на семејството во контекст на евангелизацијата“. Третата значи вонредна Синода, после оние од 1969 и 1985 година, кои беа посветени на односот помеѓу епископските конференции и епископската соборност, како и примената на Вториот ватикански собор, ќе биде посветена на семејството.

На Синодата учествуваат синодални отци, 191; меѓу нив 25 се префекти на дикастериите на Римската курија, како и 114 претседатели на епископски конференции: 36 од Африка, 24 од Америка, 18 од Азија (Кина ќе ја претставува надбискупот на Тајпеј, Шан-Чуан), 32 од Европа и 4 од Океанија. На Синодата ќе присуствуваат уште 62 други учесници, вклучувајќи 8 братски делегати: меѓу нив и Иларион, претседател на Одделот за надворешни работи на Московскиот патријархат. Од Источните цркви доаѓаат тринаесет достоинственици, од Ирак калдејскиот патријарх Луис Сако, а од Украина источно-католичкиот архиепископ Шевчук.

Тринаесет брачни парови ќе бидат слушатели, со право на настап, меѓутоа не и гласање во салата; друг брачен пар е во склопот на експерти, односно тие се соработници на Посебниот секретаријат. Меѓу учесниците кои Папата ги именува е и исусовецот патер Антонио Спадаро, главниот уредник на списанието на Дружбата Исусова „La Civiltá Cattolica“.

Во текот на двонеделната работи, учесниците ќе расправаат за Работниот документ објавен во јуни. Целта на Синодата – како што објасни кардинал Лоренцо Балдисари, Генералниот секретар на Синодата – на денешниот свет да му се предложи убавината и вредноста на семејството, содржани во навестувањето на Исус Христос, кои го растерува стравот и ја крепи надежта.

Како што соопшти Редовниот совет на Синодата, во работата ќе се применува нова внатрешна методологија, како би се поттикнало поживо учество на синодалните отци. Ќе бидат направени потребните чекори – објасни кардинал Балдисери – за донесување на норми или за евентуално преструктуирање на Синодата. Заклучни документи не се предвидени, бидејќи Синодата е прв дел од одот кој ќе се заврши во 2015 година, кога на сеопштата редовна Синода од 4 до 25 октомври ќе се расправа на тема „Исус Христос го објавува таинството и повикот на семејството“.

РВ/С.С

Категорија: Ватикан

За авторот