Папата се обрати до Дипломатскиот кор акредитиран при Светиот Престол

Папата се обрати до Дипломатскиот кор акредитиран при Светиот Престол

Клучна тема во говорот на Папата до дипломатскиот кор кој го прими на вообичаена аудиенција на почетокот на годината беше важноста за соработка помеѓу државите и мултилатералната дипломатија која денес заради повторното појавување на националистички стремежи и се заканува слабеење.

Зборовите на папата Фрањо со кои им се обрати на членовите на дипломатскиот кор при Светиот Престол, кои на 7 јануари претпладне ги прими во аудиенција, оваа година се исполнети со говорот на свети Павле VI кој го одржа во Генералното собрание на Обединетите нации, а кој беше првиот говор на еден Папата во таа институција и во кој ја оцртува целта на мултилатералната диломатија.

Папата Фрањо во овогодинешниот говор повеќе пати потсетува на говорот на Павле VI, истакнувајќи ја опасноста од повторното појавување на националистички стремежи кои го ослабнуваат мултилатералниот систем на дипломатијата, и дека односите меѓу државите треба да бидат конструктивни. Потсетуваме дипломатски односи со Светиот Престол во овој момент имаат 183 земји на кои треба да се додат Европската унија и Суверениот витешки малтешки ред.

Папата зборуваше за насилството над жените, за работата, за злоупотребата на малолетниците и за миграцијата во однос на која треба да се делува заеднички. Во говорот Светиот Отец освен тоа ги спомна и новите договори постигнати во 2018 година, потоа потпишувањето на Привремениот договор помеѓу Светиот Престол и Народна Република Кина за именувањето на епископите во Кина, како и за разните годишнини кои ќе се одбележат во 2019 година, како што се на пример 70 годишнина од Советот на Европа и падот на Берлинскиот ѕид. Притоа посебно ја истакна годишнината на Друштвото односно на Лигата народите.

Станува збор за меѓународна организација која повеќе не постои; затоа папата Фрањо објасни дека сакал да ја спомне затоа што таа претставува почеток на современата мултилатерална дипломатија – која, додаваме е во фокусот на овогодинешниот говор на Папата – а со која државите настојуваат взаемните односи да ги ослободат од логиката на угнетувањето која води до војна. Дваесет години по основањето на Лигата на народите доаѓа Втората светска војна, но таа сепак го отвора патот за Организацијата на Обединетите нации; тој е пат кој не е секогаш делотворен, но сепак е можност која државите можат да ја искористат во пронаоѓањето на различни решенија.

Потребен е конструктивен дијалог меѓу државите

Добрата волја и довербата помеѓу соговорниците, расположливоста за чесен и искрен разговор, волјата за прифаќање на неизбежните компромиси кои се создаваат во соочувањето меѓу страните; тие се – според мислењето на папата Фрањо – премногу потребни фактори за успех на мултилатералната дипломатија, затоа што ако само еден од нив недостасува преовладува барањето на унилатерални решенија и на крајот превласта на посилниот над послабиот – истакна Папата и додаде: Заради тоа дојде до криза во Лигата на народите, а станува збор за истото однесување кое и денес му се заканува на водењето на главните меѓународни организации.

Затоа сметам дека е важно и во денешно време да не недостасува желбата за мирен и конструктивен дијалог меѓу државите, иако очигледно е дека односите на меѓународната сцена и во мултилатералниот систем во целина се наоѓаат во тешкотии, со повторното појавување на националистичките стремежи кои го загрозуваат повикот на меѓународните организации да бидат простор за дијалог и средба за сите земји – рече Папата.

Има повеќе причини за тоа, кои ги спомна Светиот Отец. Едниот дел од причините што состојбата е таква е заради неспособноста на мултилатералниот систем да даде делотворни решенија за некои проблеми кои веќе долго не се решени, како и со актуелните предизвици да се соочи на начин на кој сите би биле задоволни. Дел за тоа е виновен развојот на националните политики кои наместо трпеливо да го бараат општото добро со долгорочни одговори, сѐ повеќе бараат непосредна согласност. Една од причините е и резултатот од моќта и интересните групи кои ги наметнуваат сопствените идеи, поттикнувајќи нови облици на идолошка колонизација која неретко не го почитува идентитетот и достоинството на народот.

Популистичките поттици го ослабнуваат мултулатералниот систем

На крајот причината за тие стремежи Папата ги гледа и во реакциите во некои подрачја во светот, во глобализацијата која премногу брзо се развива така што се создава тензија помеѓу глобализацијата и локализацијата. Излезот од тоа е – според зборовите на Папата – вниманието кон глобалната димензија не губејќи го истовремено од вид она што е локално. Папата потоа истакна дека повторното појавување на популистичките и националистичките поттици постепено го ослабнуваат мултулатералниот систем, а последица на тоа е општиот недостаток на доверба, кризата на веродостојноста на меѓународната политика и постепената маргинализација на најслабите членови во семејството на народите.

Добра политика за општото добро на сите луѓе

Светиот Отец потоа ја спомна својата порака за Светскиот ден на мирот 2019 година во која, како што потсети – ја посвети на тесната поврзаност на добрата политика и мирот меѓу народите, истакнувајќи дека добрата политика треба да се стреми за општото добро на сите луѓе. Во темелот на тоа размислување се наоѓа натприродната димензија на луѓето создадени според образ и подобие Божји. Затоа почитувањето на секое човечко битие е потребна претпоставка за реално мирен соживот.

Привремен договор помеѓу Светиот Престол и НР Кина за именувањето на епископите во Кина

Потсетувајќи на потпишувањето на Привремениот договор помеѓу Светиот Престол и Народна Република Кина за именувањето на епископите во Кина, папата Фрањо рече дека се заблагодарува на Господ за тоа што прв пат после многу години сите епископи во Кина се во целосно заедништво со Петровиот наследник и со општата Црква. Видлив знак за тоа беше и учеството на двајца епископи од Континентална Кина на неодамнешната синода посветена на младите. Се надеваме дека со продолжување на контактот за примената на привремениот договор ќе придонесе за решавање на отворените прашања и гарантирање на потребниот простор за реално уживање на верската слобода – рече Папата.

Миграција, заштитата на најслабите, младите

Светиот Отец потоа опширно се осврна на миграцијата, истакнувајќи дека меѓународната заедница е повикана да ги штити бегалците и мигрантите и да ја олеснува нивната интеграција; како и на заштита на најслабите посебно таму каде се водат конфликти, како што е во Украина, Сирија и Блискиот Исток каде посебно трпат христијаните.

Освен тоа слабите кои треба да го слушнат нашиот глас се и младите, протагонисти на неодамна одржаната синода и претстојниот Светски ден на млади во Панама. Задачата на политиката е да им даде можност да си ја изгрдат иднината и тоа така што ќе најдат работа и да ја формираат институцијата семејство. Оваа година се одбележува и 30 годишнина од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето – потсети Папата и притоа повторна истакна дека Светиот Престол и целата Црква се ангажираат за да се сузбијат и да се спречат таквите злосторства, како и нивното прикривање.

Позитивните знаци на мирот, но и страв од ново оружје

Папата Фрањо меѓу останатото поттикна на спречување на злоупотреба на жените, на работење на малолетниците и нивна дискриминација, а се осврна и на позитивните знаци на мирот како што е договорот помеѓу Етиопија и Еритерија како и меѓу лидерите на Јужен Судан. Освен тоа желба на Папата е Израелците и Палестинците повторно да воспостават дијалог и да постигнат договор, гарантирајќи соживот на двете држави и постигнување на мир. Папата Фрањо посебно го загрижува и нуклеарното разоружување, затоа што тоа сега остава простор за барање ново оружје кое е уште поуништувачко како и климатските промени во врска со кои повика на одлучно ангажирање и соработка на сите држави.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот