Генерална аудиенција на Папата: Свети Јосиф пример за сите бегалци и татковци

Драги татковци, секогаш бидете многу блиски до своите деца, како што свети Јосиф беше до Исус, помагајќи му да расте во времето, мудроста и милоста  – со таа желба папата Фрањо ја заврши Генералната аудеинција одржана во среда 19 март на плоштадот Свети Петар. На ауденцијата која беше посветена на заштитникот на општата Црква, се собраа повеќе од 60 илјади верници.

Свети јосиф беше човек, кој беше способен да му помогне на Бог да расте во времето, мудроста и милоста – и тоа е според зборовите на папата Фрањо посебно и неповторливо послание за Јосиф, ангел чувар без крила за својата сакана свршеница Марија, за младиот Исус и за Црквата, која го почитува како свој заштитник. Искуството на дрводелецот од Назарет е неповторливо и не може да се имитира. Пред големото мноштво собрани верници на плоштадот Свети Петар, Папата објасни зошто свети Јосиф, според она што го направи во животот, засекогаш стана „пример за воспитувачите“.

Пред сѐ поради тоа што е грижлив чувар на најприродниот видик, телесен и психолошки раст на неговиот Исус, не попуштајќи ниту пред опасностите. ’Го подгина’ Исус грижејќи се да не му недостасува она што е потребно за здраво воспитување. Да не заборавиме дека внимателното чување на животот на Детето подразбира и бегство во Египет, горко искуство на бегалски начин на живот, бидејќи Јосиф со Марија и Исус беше бегалец, за да избега од опасноста на Ирод – напомена папата Фрањо.

Јосиф беше за Исус и „учител на мудроста“ кој знаеше да помине низ темината на сомнежот, никогаш не губејќи ја довербата во Бог и Неговата љубов. Можеме да замислиме како Јосиф го воспитува малиот Исус да го слуша Светото Писмо, најмногу заедно одејќи во назаретската синагога. А Јосиф го следеше Исус, за да го слуша Словото Божјо во синагогата – истакна папата Фрањо.

Третата димензиија е ’милоста’. Тука е всушност делот кој повеќе е ограничен кога се однесува на свети Јосиф, во однос на времето и мудроста. Меѓутоа… би било голема грешка да се мисли дека некој татко и мајка не можат да направат ништо за да ги воспитуваат децата да растат во Божјата милост. Да се расте во времето, да се расте во мудроста, да се расте во милоста; тоа е она што Јосиф го направи за Исус, за да му овозможи да расте во трите димензии, за да би му помогнал да расте.

Тие три димензии на крајот од аудеинцијата во зборовите на Папата станаа срдечна желба и повик до татковците и тие да го праваат истото. Молам за вас милост на своите деца секогаш да им бидете блиски, пуштајќи ги да растат, но да бидете близу! Вие сте им потребни, потребно им е вашето присуство, вашата близина, вашата љубов. За нив бидете како свети Јосиф; чувари на нивното растење во времето, мудроста и милоста. Бидете чувари на нивниот пат; бидете воспитувачи и одете заедно со нив. А со таа близина ќе бидете вистински воспитувачи. Благодарам за сѐ што правите за своите деца – рече Светиот Отец и на сите татковци им го честита празникот, како на оние што се присутни на плоштадот Свети Петар, така и на сите останати. Свети Јоиф нека ве благослови и следи – рече Светиот Отец.

Меѓутоа Папата не ги заборави оние кои празникот на своите татковци можат да ги спомнат само со бакнеж упатен кон небото. Многу од присутните на плоштадот немаат татковци – рече Папата. Можеме да се помолиме за сите татковци на светот, за оние кои се живи и оние кои се починати, за нашите татковици; тоа можеме да го направиме заедно; секој нека мисли на својот татко, без разлика дали е жив или покоен. И да го молиме нашиот велик Отец. Да измолиме едно ’Оче наш’ за нашите татковци – рече Светиот Отец и ја започна молитвата која мноштвото поколоници ја прифати и ја измоли заедно со папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот