Генерална аудиенција: Исус е нашиот застапник
Ватикан, 17.4.2013 /к.мк/ – И оваа Генерална аудиенција во среда, бројот на поклоници во Ватикан не запира да се намалува. Денес пред околу 80.000 поклоници и посетители папата Фрањо продолжи со катехезите во Година на верата во која говореше за значењето на: Исус Христос се вознесе на небото; и седна од десната страна на својот Отец небесен“.
Драги браќа и сестри
Во верувањето наидуваме на тврдењето дека Исус се „вознесе на небото, и седи оддесно на Отецот“. Исусовиот живот на земјата има своја кулминација во настанот Вознесение, кога преминува од овој свет кај Отецот и е воздигнат од неговата десна стра. Кое е значењето на тој настан? Кои се неговите последици за нашиот живот? Што значи да се следи Исус кој седи од десно на Отецот? Да дозволиме за тоа да нè води евангелистот Лука.
Да појдеме од моментот во кој Исус одлучува да појде на своето последно патување во Ерусалим. Светиот Лука забележува: А кога се приближија деновите на Неговата смрт, Он тргна по патот за Ерусалим (Лука 9,51). Додека „влегува“ во Светиот град, каде што ќе се случи неговото „излегување“ од овој живот, Исус веќе ја гледа целта, небото. Но и добро знае дека враќањето во славата на Отецот се доаѓа со крстот, преку послушноста на Божјиот наум на љубов кон човештвото.
Во Катехизимот на Католичката Црква јасно пишува дека „воздигнувањето на крстот означува и навестува Вознесение во небото“ (бр. 661). И на нас, во нашиот христијански живот мора да ни биде јасно дека влегувањето во Божјата слава бара секојдневна верност на неговата волја, и тогаш кога бара жртва, и тогаш кога тоа бара понекогаш да ги промениме своите планови. Исусовото вознесение конкретно се случи на Маслиновата гора, близу до местото каде се повлече на молитва пред маката за да остане во длабоко единство со Отецот. Тука повторно гледаме дека молитвата ни два милост во својот живот да бидеме верни на Божјиот наум.
На крајот од своето Евангелие свети Лука го опишува настанот Вознесение на небото, на многу детален начин. Исус своите ученици ги „изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. А кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост“ (Лука 24,50-53); така го опишува настанот свети Лука. Сакам да обрнам внимание на две работи во тој извештај на Лука. Прво: за време на своето вознесение Исус поделува свештенички благослов, а учениците ја искажуваат својата вера поклонети, коленичејќи пред него со наведнати глави. Тоа е првата важна точка: Исус е единствен и вечен Свештеник, кој со својата мака помина низ смрт и гроб и воскресна, се вознесе на небото; Тој е кај Отецот, каде што постојано нѐ застапува (сп. Евреите 9,24). Како што вели свети Иван во своето Прво послание, тој е наш застапник; колку е убаво да се слушне ова. Кога некој е повикан кај судија или оди на суд, првата работа која ја прави е да побара адвокат кој што ќе го брани. Ние веќе го имаме и тој секогаш нѐ брани, нѐ брани од ѓаволските замки, нѐ брани од самите нас, од нашите гревови! Предраги браќа и сестри, го имаме тој застапник: да не се плашиме да отидеме таму и да побараме простување, да бараме благослов, да бараме милосрдие! Тој секогаш ни простува, тој е наш адвокат: тој секогаш нѐ брани! Не го заборавајте тоа! Исусовото вознесение на небо ни дава да ја запзнаеме таа голема утешна стварност за нашиот животен пат: во Христос, вистинскиот Бог и вистински човек, нашето човештво е донесено пред Бог; Тој ни го отвори преминот; тој е како предводник на јажето кое служи за искачуавање на планина, кој дојде до врвот и го влечи јажето за да нѐ привлече кон себе и да нѐ доведе до Бог. Ако својот живот му го довериме на него, ако дозволиме тој да нѐ води да бидеме сигурни дека сме во сигурни раце, во рацете на својот Спасител; својот застапник!
Второ: свети Лука известува дека апостолите, откако видоа како Исус се вознесува на небо, се вратија во Ерусалим „со голема радост“. Тоа ни изгледа помалку чудно. Општо земено, кога од своите сакани и пријатели, се одвојуваме засекогаш, а посебно поради смрт, нѐ опфаќа тага, што е сосема природно, бидејќи нема да го гледаме нивното лице, нема повеќе да го слушаме нивниот глас, нема повеќе да можеме да уживаме во нивната љубов, во нивната присутност. Напротив, евангелистот, ја истакнува длабоката радост на апостолите. Зошто? Токму затоа, бидејќи со погледот на верата ќе сфатат, иако земен од нивните очи, Исус останува со нив засекогаш, не ги напушта, и во славата на Отецот ги поткрепува, ги води и се застапува за нив.
Свети Лука настанот за Вознесението го опишува исто така и на почетокот од книгата Дела на светите Апостоли за да исткане дека тој настан е како спојувалка која го поврзува земскиот живот на Исус со животот на Црквата. Тука свети Лука спомнува исто така облак како го подзеде Исус од пред очите на апостолите, кои гледаа кон небото, кога се вознесуваше (сп. Дела 1,9-10). Тогаш се појавија и двајца мажи во бела облека кои ги повикаа да не стојат и да не гледаат во небото, туку да го зајакнат своето сведоштво со таква сигурност дека Исус ќе се врати на истиот начин, како што го видоа да оди на небото (сп. Дела 1,10-11). Токму тоа е повик да појдеме од контемплацијата за Христовото Божество за да добиеме од него сила за да носиме и сведочиме за евангелието во секојдневниот живот; да се моли и работи, ora et labora, учи свети Бенедикт, и едното и другото е неопходно на нашиот христијански живот.
Драги браќа и сестри, Вознесението не значи отсутност на Исус, туку ни кажува дека тој е меѓу нас жив на еден нов начин; не е повеќе на некое точно одредено место во светот, како што беше пред Вознесението; сега е во царството Божјо, присутен на секое место и во секое време, близок на секој од нас. Во нашиот живот никогаш не сме сами; го имаме тој застапник кој нѐ чека, кој нѐ брани. Никогаш не сме сами; Распнатиот и Воскреснатиот Господ нѐ води; со нас се многу браќа и сестри кои во тишина и сокриеност, во својот семеен живот и на работно место, со своите проблеми и потешкотии, во своите радости и надежи, секојдневно ја живеат верата и донесуваат на светот, заедно со нас, царство на Божјата љубов, во Христос Исус кој воскресна, кој се вознесе и се застапува за нас. Благодарам!
При поздравите по катехезата папата Фрањо се обрати посебно до присутните млади, кои ги повика:
„Бидете подготвени да Го следите со ентузијазам. Не постои младина без ентузијазам. Следете го Господ со ентузијазам и дозволете Му да ве води”.
На крајот на аудиенцијата Светиот Отец упати апел за населението на Иран и Пакистан, кое е погодено од земјотрес:
„Со болка разбрав за силниот земјотрес кој го погоди населението на Иран и Пакистан, којшто донесе смрт, страдање и урнатини. Ја упатувам својата молитвата кон Бог за жртвите и сите кои страдаат и сакам да ја искажам мојата духовна близина со иранскиот и пакистански народ “.