Папата се сретна со космонуати

Папата се сретна со космонуати

Во петок 8 јуни 2018 година папата Фрањо во Ватикан ги прими членовите на Меѓународната вселенска станица, меѓу кои имаше и Италијанец, Паоло Несполи. За време на средбата меѓу другото разговараа за кревкоста на земјата. Во разговорот за Ватикан њуз, Паоло Несполи откри дека асторнаутите на Светиот Отец му подариле сино космонаутско одело со бел плашт, ангелски крилја и натпис „Папа Фрањо“.

Можноста за патување во вселената те менува – истакна италијанскиот космонаут и продолжи: Во вселената оддеднаш се чувствуваш Земјанин. Исто така се станува свесен за убавината, но и ранливоста на Земјата. Тој поглед би требало да го имаме сите. Би сакале Папата, филозофите, писателите да отпатуваат во вселената. Кога ќе бидеш еднаш во вселената, стануваш подобар човек.

Несполи напомена дека вселената не нуди одговори на големите прашања како што е „дали постои Бог“, но го засилува она во што веруваш. Согледуваш дека на крајот планетата е парче земја. Одозгора е тешко да се видат географските и политичките граници и се гледа една јасна граница, онаа атмосферската, која ја одвојува Земјата од остатокот на вселената. Треба да настојуваме да ја зачуваме таа мала, чувствителна граница – рече италијанскиот космонаут.

Потсетуваме дека папата Фрањо на 26 октомври 2017 година преку видео врска разговара со екипажот на Меѓународната вселенска станица. За време на нивниот 25 минутен разговор Светиот Отец поставуваше прашања космонаутите за тоа како ја набљудуваат човечката позиција во вселената од нивната станица. Вие сте „Стаклена палата“ во мало во која целината е поголема од вкупниот збир на деловите – рече папата Фрањо во таа прилика и напомена дека тие се претставници на целото човечко семејство во големиот истражувачки проект наречен Вселенска станица.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот