Вселенскиот патријарх Варторломеј I упати писмо до папата Фрањо

Ватикан, 1.7.2013 /к.мк/ – Дијалог во љубовта, богословието и вистината меѓу различните Цркви, посебно меѓу Католичката и Православната да продолжи да дава плодови во духот на братската љубов, меѓусебно разбирање и чистосрдечноста со цел обновување на видливото единство, преку единствената вистина во Христос, кој ќе ги обедини сите христијани”. Ова стои во писмото од Вселенскиот и патријарх Варторломеј I упатено до папата Фрањо по повод патрониот празник на Римската Црква светите апостоли Петар и Павле.

Празникот беше одбележан во сабота 29 јуни со свечена Литургија која ја служеше Папата во базиликата Свети Петар во Ватикан, а во присуство на православна делегација од Вселенската патријаршија. Православната делегацијата папата Фрањо ја прими претходниот ден на аудиенција. Присуство на православната делегација е во рамките на традиционалната размена на делегации за патроните празници на Римската и Цариградската Црква од 1969.

Оваа година православната делегација беше предводена од Пергамскиот митрополит Јоанис Зизиулас, копретседател на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката црква и Православните цркви. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<