Во Јемен на секои 10 минути едно дете умира од болест која лесно би можела да биде спречена, а 1,8 милиони деца трпат заради тешка неисхранетост.
За децата во Јемен денес е пекол на земјата – рече Герт Капелаер, директор на УНИЦЕФ за подрчјето на Блискиот Исток и Северна Африка и истакна дека во Јемен 1,8 милиони деца страдаат заради тешка неисхранетост. Во животна опасност се заради неисхранетост се наоѓаат 400.000 деца од кои 40% живеат во Ходеиди и соседните подрачја каде беснее војна. Секоја година 30.000 деца умираат заради болест која е предизвикана од неисхранетоста.
Скоро два милиони деца стрдаат заради тешка неисхранетост
Освен тоа Капелаер предупреди дека 1,1 милион жени кои се бремени или дојат страдаат од анемија. Децата уште со раѓањето имаат намалена телесна тежина и со тоа започнува кругот на неисхранетост која станува хронична, со последици по нивното здравје. Хроничната неисхранетост има значајно влијание на развојот на детскиот мозок и заради тоа половина од децата во Јемен помлади од 5 години кои денес се хронично неисхранети нема да можат да го развијат својот целосен интелектуален потенцијал.
На секои 10 минути едно дете умира
Денес во Јемен на секои десет минути едно дете умира заради болести кои лесно би можеле да бидат спречени. Стапката на вакцинација драстично е намалена во однос на почетокот на војната, а дури ниту тогаш состојбата не била добра. Не постои национална програма за вакцинација, со што се забрзуваат епидемиите на сипаници и дифтерија, со фатален исход за децата.
Страдањата на милиони деца се предизвикани од чеовкот
Во Јемен има милион и половина семејства кои се најранливи и најсиромашни. Еднаш месечно семејствата од УНИЦЕФ примаат мал износ пари. Тие семејства ни рекоа дека повеќе не можат да си ги дозволат најнеопходните намирници, како што се овошјето и зеленчукот и тоа не затоа што тие намирници ги нема, туку затоа што цените им се неодржливи – истакна Герт Капелаер и рече дека сите страдања на милионите деца во Јемен се предизвикани од човекот.
Ако денес се наоѓаме пред ризикот за целосна беда во Јемен, не е тоа заради некоја природна причина, туку едноставно заради причини за кои се одговорни возрасните, но децата ја плаќаат највисоката цена – рече на крајот регионалниот директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка.
Ватикан њуз/к.мк