Во Христос е надежта за нова Европа

Будимпешта, 22.6.2013 /к.мк/ – „Исус Христос, кој живее во својата Црква, е извор на надеж за Европа“- порака од апостолскиот документ „Ecclesia in Europa“, исполнета со надеж која пред десет години ја објави Иван Павле II, изгледа пророчка и многу актуелна. Имено, изгледа дека континентот се наоѓа во период на изгубеност и губење на надежта. Во ова кризно време, бројни граѓани се чувствуваат дезориентирани и разочарани од националните и меѓународните институции.

Во Европа, во 2013 година како да е поголем бранот на несигурност отколку желбата за иднина. Но, оваа криза, која не е само економска, туку и културолошка, антрополошка, етичка и духовна, претставува можност Европа да се ослободи од практичниот агностицизам и верската рамнодушност и повторно да се одлучи за својата иднина во средба со Личноста и пораката на Исус Христос, како што пишува во „Ecclesia in Europa“.

По повод 10 годишнината од спомнатиот документ во Кармеликанскиот манастир во Будимпешта од 12-15 јуни се одржа средба на гласноговорници и медиумски соработници на Црквата во Европа. Во документот кој е објавен на 17 јуни, Советот на европските бискупски конференции (CCEE) ги изнесе главните заклучоци од собирот. Главниот предизвик е да се разбере кој денес во Европа е човек и каде оди – истакнато е во соопштението. Католичката Црква може да биде со него и да му помага да ја вклопи евангелската порака во неговото секојдневно искуство, предлагајќи му ја личноста на Исус и вредностите содржани во Неговото Евангелие, со нови зборови и современи средства, како и во комуникациска област – стои помеѓу останатото во документот. Бројни предавачи на собирот се осврнале на исто така бројни теми, меѓу кои било и појавувањето на таканаречените „нови права“ и предизвиците кои ги поставува родовата теорија и евтаназијата.

(Превод: Е.А.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<