Во Скопје прославен празникот на свети Винко Паулски

Во сабота 27 септември на празникот Свети Винко Паулски, сестрите Ќерки на христијанската љубов (Усмиленки) со света Евхаристија во манастирската капела во Скопје предводена од Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов го прославија својот духовен основач

Во пригодната проповед бискупот Стојанов рече: „Исус постави вредности. Оние кои имаа око и уво за другиот ќе им упати повик да влезат во Царството кое е подготвено за нив. Тие дадоа леб, чаша вода, прифатиле странец, облечеле гол, биле со болниот, посетиле затвор. Сето ова се вредности кои светот многу не ги признава и не гледа на нив ништо посебно. Оние кои имале срце за другиот чувствувале радост што можеле тоа да го направат. Секако дека тоа добива една друга димензија кога Исус вели дека сето тоа нему му е направено, кога направиле нешто на човек во неволја и потреба. Со тоа и нашата посветеност за другите е поставена на едно повисоко ниво, на божествено ниво. Токму свети Винко Паулски имал срце за другите. Го љубел Бог и ближниот, не само со зборови, туку и со дела. Бил верен на Бог и се се грижел не само за својата душа, туку и за душите на другите. Не само за душите, туку и за животот на сиромашните, оние во неволја, сите кои биле во опасност да ја изгубат душата и телото. Делото на свети Винко е продолжено со оо. Лазаристи и сестрите Усмиленки , кои се основани од самиот светец. Духот на свети Винко живее и во Македонија преку сестрите Усмиленки, а до неодамна и преку оо. Лазаристи. Оците Лазаристи беа поттикнувачи на Кукушката унија 1859 година и основачи на општеството на сестрите Евхаристинки“, истакна бискупот.

к.мк/д.Д.Т.

Категорија: Македонија

За авторот