Во Скопје завршија духовните вежби за свештениците

Во Скопје завршија духовните вежби за свештениците

Со света Литургија и и химната Тебе Боже Те фалиме, на 4 мај 2022 година во Скопје завршија духовните вежби за свештениците од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија. Духовните вежби ги предводеше монс. Петар Палиќ, Мостарско – дувањски и Апостолски администратор Требинско – мркањски.

Од 2 до 4 мај во Бискупската резиденција во Скопје свештениците од Македонија во молитва размислуваа за свештеничкиот повик. Осврнувајќи се на животот на светиот пророк Илија бискупот Палиќ поттикна по примерот на пророкот секојдневно да се открива и продлабочува свештеничкиот идентитет. Тој напомена и за околностите во кои денес живее свештеникот, како и за кризите во односите, духовната криза и егзистенцијалната криза. Ги спомена и предизвиците на свештениците во денешницата, при што истакна дека денешниот свештеник треба да биде сведок на Воскресението Христово и сведок за Бога.

На крајот од духовните вежби монс. Киро Стојанов, се заблагодари на монс. Петар Палиќ за убавите духовните поттикнувања. Во знак на благодарност му подари икона од Света Мајка Тереза, како и две монографии од посетата на папата Фрањо, едната издадена од Апостолската нунцијатура, а другата од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија и Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот