Католичка Црква “Свето Благовештение” – Штип

Католичка Црква “Свето Благовештение” – Штип

 Распоред на службите во Великата седмица (09.04.-17.04.2017)

ЦВЕТНИЦИ – 09.04.2017 – Недела на маките Господови

10.00 – Света Миса

11.00 – Крстен Пат

Велики Понеделник -11.04.2017

-17.00 Света Миса

-17.30 Крстен Пат

Велики Вторник – 12.04.2017

-17.00 Света Миса

-17.30 Крстен Пат

Великa Среда -13.04.2017 -во Штип ќе нема Св. Миса

18.00 – Посветување на светото миро во Катедралната Црква во Скопје,Св.Миса

Велики Четврток 14.04.2017

-17.00 Света Миса

Велики Петок – 15.04.2017

-15.00 Крстен Пат

-18.00 Служба на Маките Господови

Велика Сабота – 16.04.2017

– 21.00 Воскресно бдеење – Воскресение Христово

Недела – 17.04.2017 – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

10.00 – Света Миса

ЦВЕТНИЦИ: Спомен ден на Господовиот месијански влез во Ерусалим. Верниците учествуваат носејќи палмови гранчиња, маслинови или гранчиња од некои други зелени дрвја кои ќе бидат благословени по тој повод. За време на Мисата се чита Евангелието на Маките Господови!

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Тоа е спомен на воспоставувањето на Пресветата Евхаристија која Господ Исус Христос на тој ден ја воспостави и остана со нас.

ВЕЛИКИ ПЕТОК: Ден кога си спомнуваме на смртта Исусова на крстот.

Обреди: Служба на маките Господови

– Читања од Светото Писмо

– Поклонување на Светиот Крст

Велики Петок – Строг пост и немрс

ВЕЛИКА САБОТА (Воскресно бдеење) Обредот почнува со благослов на огнот на влезот од црквата каде што се пали Велигденската свеќа. После библиските читања, хвалоспевот на Велигденската свеќа и обновата на Крсните завети по што следува светата Миса. Обредите почнуваат во 21 часот. Во Сабота и Недела по Светата Миса благослов на пасахално јадење.

ВЕЛИГДЕН (Воскресение Христово) Празник на Воскресението Христово

СВЕТА ИСПОВЕД – Секој ден пред Света Миса

Категорија: Uncategorized

За авторот