Во септември Папата ќе има средба со старите лица
Во недела на 28 септември 2014 година на плоштадот Свети Петар Светиот Отец ќе се сретне со стари лица, дедовци и баби од целиот свет. Средбата е насловена „Благословот на долгиот живот“, а ќе се одржи по иницијатива на Папскиот совет за семејство.
Опишувајќи го настанот, главниот иницијатор, претседателот на Папскиот совет за семејство архиепископот Винченцо Паглија, истакна дека тој настан поаѓа од размислувањето дека староста не е пропаст, туку повик. Му благодариме на Бог што животот е сѐ подолг – општеството тоа го дозволува – но од друга страна таа тема не е доволно обработена – забележа архиепископот. За тоа не се размислува ниту во политиката, ниту пак во економијата, ниту пак во културата.
Поради тоа со оваа средба сакаме да свртиме внимание на сите луѓе на важноста на тоа животно доба од човечкиот живот. Треба да се истакне дека старите лица не се само предмет на внимание и грижа, туку дека тие се новиот изглед на животот. Поради тоа треба да се разгледува нивната старост, нивното ангажирање во светот и Црквата. Но и заземањето на Црквата кон нив – напомена архиепископот Паглија.
РВ/го*ко