Во црквата Свети Иван Крстител – Струмица одржана катехеза за Евхаристијата
Во недела 18 мај 2014 година во парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица се одржа катехеза во Година на семејството на тема: „Евхаристијата центар и цел на семејното заедништво“.
На катехезата о. Гоце Костов зборуваше за библиската втемеленост на светата Евхаристија, плодовите од неа, реалната присутност на Исус Христос во светата Причест…. Во продолжение на катехезата беше објаснет обредот на славење на евхаристијата, литургиската симболика, а исто така на вернците им беше претставен литургискиот прибор и литургиската облека. Катехезата заврши со прашања поврзани со темата.
Претходно пред почетокот на катехезата во црквата се молеше Света Бројаница за мир во Украина.
к.мк
Категорија:
Македонија