Во ОН Папата ќе се сретне со Путин
Папата Фрањо за време на посетата на Обединетите нации, 25 септември 2015 година треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при ОН, а пренеува Associated Press.
Светиот Отец го очекува едно од најтешките патувања во неговиот понтификат, на кое ќе ги посети Куба, Соединетите Американски Држави и седиштето на ОН, каде што ќе одржи говор во пресрет на самитот за одржлив развој. И покрај тоа што во некои медиуми се шпекулира дека Папата, во согласност со темата на самитот, ќе стави акцент на својата енциклика Лаудато Си, новата ситуација, поврзана со бегалската криза, може да се насети дека Светиот Отец ќе зборува за загрижувачката состојба на Блискиот Исток.
Надбискупот Ауза изјави дека очекува Папата да изрази благодарност за напорите кои ги вложува ОН за стабилизирање на ситуацијата, меѓутоа може да предупреди и на бројните грешки.
Нема поголем неуспех за ОН од неспособноста да се спречи она што се случува на Блискиот Исток, а сега и во Северна Африка“, нагласи надбискупот.
Причината за средбата на папата со Путин е моменталното претседателство на Русија со Советот за безбедност. Од друга страна, амбасадорот на Русија при ОН, Виталиј Чуркин изјави дека не е запознат за доаѓањето на Путин на самитот, ниту пак за неговата средба со Светиот Отец. Ако дојде до состанок, тоа ќе биде негова трета средба во понтификатот на папата Фрањо.
Потсетуваме дека Папата во Куба ќе се сретне со претседателот на Куба, Раул Кастро и ќе има две Миси на отворено, во Хавана и Холгуин, додека централен настан од посетата на САД ќе биде средбата со семејства, која ќе се одржи во Филаделфија. Покрај средбата во Филадалефија најавен е и говор на Папата во Конгресот.
Битно нет/го*ко