Во Меѓугорје се одржуваат духовни вежби за директорите на Радио Марија

Во Меѓугорје се одржуваат духовни вежби за директорите на Радио Марија

Од 24 до 28 октомври 2022 година, се одржуваат духовни вежби за директорите на радио станиците на Радио Марија од цел свет.

Духовните вежби ги предводи поранешниот парох на парохијата Меѓугорје, фра Маринко Шакота. Денес надбискупот Алдо Кавали, апостолски визитатор со посебна улога на парохијата Меѓугорје, се обрати на учесниците на духовните вежби, зборувајќи за неговата улога и случувањата во Меѓугорје поврзувајќи ги со Ватиканската комисија која ги  испитува настаните во Меѓугорје.

Во вторник 25 октомври, директорите молеа света Бројаница на Брдото на објавата, и ги претставија пред Пресвета Богородица потреби и наканите на слушателите. Во среда, 26 октомври е предвидено молитва на молитвеното место Крижевац.

Директорот на Радио Марија Македонија отец Гоце Костов, ги пренесува на тие места на молитвата, потребите и наканите на слушателите на Радио Марија Македонија.

Петдневните духовни вежби за директорите на радио станиците на Радио Марија од целиот свет се одржуваат во куќата на Марија Лунети Павловиќ, на која Пресвета Богородица ѝ се објави.

Меѓугорје е еднo од најпознатите богородични поклонички места во светот и трето по посетеност после Лурд во Франција и Фатима во Португалија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот