Во Ватикан ќе се одржи конференција на тема „Комплементарноста на мажот и жената“
Папата Фрањо, во понеделник 17 ноември, ќе ја отвори тридневната меѓународна, меѓурелигиска конференција на тема „Комплементарноста на мажот и жената“. На овој настан ќе присуствуваат четири ватикански дикастерии: Конгрегацијата за науката на верата и Папските совети за семејство, за меѓурелигиски дијалог и за единство на христијаните. Воведниот говор на конференцијата ќе го одржи кардиналот Герард Милер, префект на Конгрегацијата за наука на верата.
Станува збор за средба на научници и верски лидери од различни вери, со цел „повторно да се предложи убавината на природното единство на мажот и жената во бракот“ – се вели во соопштението на организаторите. Папата Фрањо во април минатата година, на тема комплементарноста на мажот и жената, нагласи дека децата имаат „право да растат во семејство, со татко и мајка кои ќе можат да создадат соодветна средина за развој и афективна зрелост“, во средина на машкоста на таткото и женственоста на мајката. „Со децата и со младите не треба да се експриментира!“
РВ/З.А.