Во Ватикан се расправа за кризата на Блискиот Исток

Со говорот на папата Фрањо предпладне на 2 октомври започна расправата на апостолските нунции од Блискиот Исток и префектите на Римската курија за кризата од која е погоден целиот регион. Освен апостолските нунции и префектите на Римската курија во расправата исто така учествуваа и постојаните набљудувачи на Светиот Престол при ОН во Њујорк, Женева, како и во Стрзбург и Брисел.

Средбата е знак за близина и загриженоста на Светиот Отец кон ова важно прашање – истакна патер Ломбарди, директорот на Канцеларијта за печат при Светиот Престол. Папата посака да ја отвори дебатата и да заблагодари на сите кои дојдоа заедно да молат и да размислуваат за тоа како во оваа драматична ситуација да им им се помогне на христијаните и другите етнички малцинства на Блискиот Исток. Светиот Отец со впечатливи зборови ја покажа загриженоста поради ситуацијата на војна и тероризам, во кои човечкиот живот нема никаква вредност. Папата ја осуди трговијата со оружје, која е причина за многу проблеми, а ја истакна и хуманитарната драма на бројни луѓе, принудени да ги напуштат своите места.

Истакнувајќи ја важноста на молитвата, Светиот Отец исто така посака на повеќе начини да се осмислат иницијативи и активности кои ќе ја покажат солидарноста на целата Црква кон христијаните на Блискиот Исток и да се поттикне меѓународната заедница и сите луѓе со добра волја да одговорат на потребата на луѓето од Блискиот Исток – рече патер Ломбарди.

Кардинал Пиетро Паролин, државен секретат го истакна значењето и целта на собирот, а кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни Цркви, говореше за состојбата на христијаните на Блискиот Исток, а потоа апостолскиот нунциј во Сирија и Ирак зборуваше за состојбата во тие земји. Претседателот на Папскиот совет „Кор Унум“ зборуваше за активностите и улогата на Црквата. Кардинал Жан Луиз Туран попладнето зборуваше за излгедите на меѓурелигискиот дијалог и предизвиците за христијаните на Блискиот Исток.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот