Во Ватикан основан Совет за правда

Во Ватикан основан Совет за правда

Заеднички да се соочиме со разните облици на корупција, организираниот криминал и мафијата – е целта на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и тоа преку неговиот Совет за правда.

Тоа е објавено во завршниот документ произлезен по расправата за корупција, одржана на 15 јуни 2017 година во Ватикан.

Станува збор за мрежа на меѓународно ниво, вдахната од повикот на папата Фрањо содржан во молитвената накана за месец февруари 2018 година, во спомен на убиството на блажен Џузепе Пуглисија, за „тие кои имаат материјална, политичка и духовна моќ да не дозволат со нив да завладее корупцијата.“ Токму тоа сака да биде спомнатиот совет. Црквата веќе е мрежа во светот – стои во пораката – и заради тоа може и мора да се стави во служба на таа накана, и тоа храбро, одлучно, транспарентно, во духот на соработката и кретаивноста.

Советот за правда, по пат на бискупските конференции и локалните Цркви, темелно ќе го разгледа општиот одговор што се однесува до екскомуникација на мафијашите и на нив блиски криминални организации, и што се однесува и до самите негови иницијативи во тоа ангажирање за следната година. Корупцијата – стои во документот – повеќе е состојба, отколку некое дело.

Заради тоа потребна е култура, воспитание, образование, институционално делување, и учествување на граѓаните. Советот нема да се ограничува на благи иницијативи, затоа што се потребни конкретни дела. Воспитното ангажирање бара веродостојни учители и во Црквата – е истакнато во текстот во кој се предупредува дека не е веродостојна личност која бара договор заради привилегија, ослободување од плаќање, и привилегирани или дури недозволени патишта. Ако така работиме, сите ќе станеме безначајни, штетни и опасни – стои во документот.

Заради тоа Советот ќе делува со цел воспитание и поучување, и ќе се обраќа на јавното мислење и институциите за да се обликува ментлитет на слобода и праведност, од аспект на општото добро и ќе интервенира во светот таму каде корупцијата е преовладувачки општествен систем. Тоа нема да биде едноставен пат – се вели во документот – и во тоа Црквата ќе ги слуша сите свои делови за да продолжи со дијалогот и со нехристијаните, и тоа со учество на транспарентен и делотворен начин.

Советот ќе разработи и предлог политички мисли, со посебно внимание на демократијата и лаичноста, да го просветли делувањето на институциите, за да бидат навистина применувани меѓународните договори, а законодавствата прилагодувани, со цел за подобро сузбивање на криминалот кој ги преминува и државните граници.

Советот ќе го разгледува и односот помеѓу мировните процеси и корупцијата, затоа што корупцијата е причина за недостаток на мирот. Потребно е движење, будење на свеста – се истакнува во документот. И таа е нашата главна мотивација која ја чувствуваме како морална обврска. Законите се потребни, но не се доволни. Ќе има три нивоа на делување: воспитание, култура, граѓанство. Треба храбро да се придвижи и разбуди свеста за рамнодушноста да се преобликува во сфаќање на сериозноста на тие појави и да се сузбие – е истакнато во документот на Советот за правда при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот