Вчера предпладне во Ватикан, во присуство на папата Фрањо, започна 31. седница на Кардиналскиот совет, која ќе трае до четврток, 19 септември
На последната средба, одржана од 25 до 27 септември, сè уште беше дискутирано – како што епископот Марчело Семераро, секретар на Советот на кардинали, потврди на брифингот за печатот на прес службата на Светиот Престол, – за новата апостолска конституција на Римската Курија, чиј привремен наслов е „Praedicate evangelium“.
Овој важен папски документ треба да ја замени сегашната апостолска констутуција „Pastor bonus“ на Иван Павле II., кој е во сила од 28 јуни 1988 година. Мисионерската преобразба што папата Фрањо силно ја посакуваше и веќе е опишан во Апостолскиот поттик Evangelii Gaudium – објаснета во јуни од епископот Семераро – е евидентна во нацрт-текстот, во кој одекнува оној поттик „Одете низ целиот свет, проповедајте го евангелието на сето создание!“. од Евангелието по Марко, што денес е итно потребно да се толкува во контекст на постојаните промени во кои треба да се знае како да се вклопи навестувањето на Добрата вест.
Епископот, исто така, потенцираше активности за интензивно советување и внимание заради новата конституција, што ќе биде проследено со изготвување на конечен текст што ќе биде доставен до Светиот Отец на одобрување. Скоро сите дикастерии на Римската курија – објасни епископот – го дадоа првиот одговор и дадоа сугестии и предлози, кои советот ги прими со предност. Предлог-текстот беше испратен и до претседателите на национални епископски конференции, синоди на Источните Цркви, апостолските нунции, конференции на високи верски поглавари и поглаварки, како и на некои папски универзитети кои продолжуваат да ги испраќаат своите одговори.
Папата Фрањо го основаше Кардиналскиот совет со ракописен документ од 28 септември 2013 година, за да го советува во управување со општата Црква и со задача да ја разгледа нацрт-новата апостолска конституција за Римската курија. Првиот состанок се одржа од 1 до 3 октомври 2013 година. Во овој момент советот го сочинуваат шест кардинали: кардинал координатор Оскар Андрес Родригез Марадијага, надбискуп на Тегуцигалпа; кардиналот Џузепе Бертело, претседател на Управата на Градот Ватикан; кардинал Освалд Грацијас, надбискуп митрополит на Бомбај; кардинал Рајнхард Маркс, надбискуп митрополит на Минхен и Фрејсинг; кардинал Шон Патрик О’Мали, надбискуп на Бостон; и државниот секретар кардинал Пјетро Паролин. Во советот се и монс. Марчело Семераро, епископ на Албано, секретар; и монс. Марко Мелино, насловен епископ на Кресима, како втор секретар.
Ватикан њуз/к.мк