Во Ватикан заврши Меѓународната конференција за комплементарноста меѓу мажот и жената

Бракот помеѓу мажот и жената е темел на општеството. Кој сме ние да го менуваме? – со тоа провокативно прашање на 19 ноември во Ватикан заврши тридневната Меѓународна меѓурелигиска конференција под наслов „Хуманум – Комплементарност меѓу мажот и жената“, на која се собраа многу експерти, претставници на 14 религии од целиот свет. На отворањето на конференцијата папата Фрањо истакна дека децата имаат право да растат во семејство со татко и мајка, и дека кризата во семејството ја предизвикала кризата на човечката екологија.

Не станува збор за случајна заедница, за комерцијален договор, за едноставно ракување, туку за темел кој му претходи на општеството, каков што Бог сака. Наше е да го зајакнуваме овој темел на човечкиот род. Бракот на Запад е во криза, посебно во САД – спомна една учесничка од универзитетот во Харвард. Бракот е подложен на одредена редефиниција – додаде таа и истакна дека искуството на хомосекслуалните лица не може да се спореди со борбата за граѓанските права на црнците кои проживеале ропство, расни закони на дискриминација и политички линч.

За јудаизмот – изјави претставникот на Комисијата за верска слобода при владата на Соединетите Американски Држави – семејството е центар на целиот наш живот. Преку семејството од генерација на генерација се пренесувала еврејската традиција. И за хиндуизмот, мажот и жената се создадени еден за друг. Мажот без жената е некомплетен. Само кога ќе се соединат, можат да се усовршуват. Затоа неопходно е да се пренесува на младите светоста на бракот – беше истакнато на конференцијата.

Сите произлегуваме од еден маж и една жена, треба да ја познаваме сопствената историја како би разбрале каде одиме – рече претставникот на Сикхите. Семејството е темел и за будизмот. Ако нема мир во семејството, нема да постои ниту во светот – рече претставникот на будистите. На Конференцијата меѓу другото беше истакнато дека треба подобро да се заштитат правата на жените.

Лука Волонтѐ, поранешен претседател на Европската народна партија и претседател на Фондацијата „Нова Тера“, во интервју за Радио Ватикан се осврна на конференцијата и рече дека комплементарноста, односно согласноста помеѓу мажот и жената како единство на две различни, но комплементарни лица е основно, и ја признаваат сите светски религии. Како што беше речено повеќе пати, тоа е прототип кој е заеднички на целиот човечки род – рече и додаде – Од тоа може уште повеќе повторно да се крене ревноста како би го истакнале сето тоа што е позитивно во бракот, и колку е позитивно да се биде маж и жена кои заедно сочинуваат голема хармонија која е во состојба да даде живот. (…) Ова што нѝ е при срце, нам католиците, на целото човештво, и на сите религии, не е само да ја спознаеме согласноста меѓу мажот о жената, туку и на целиот свет повторно да му истакнеме, повторно да му помогнеме да открие колку е плодоносна оваа согласнот, и тоа не само поради децата, туку и поради општеството и националната благосостојба на сите – истакна Лука Волонтѐ.

На ноовинарско прашање дека семејството денес се настојува да биде ослабнато преку идеологии кои се предложени од страна на други модели, а тоа го прават во најразлични области: во училиштето, во областа на информирањето… Лука Волонтѐ рече дека мора да се вратиме на зборовите на Папата, кои беа мотив за големите залагања на народите од целиот свет, како што се, на пример, оние во Шпанија против законот на Запатеро или пак Демонстрацијата за сите (Manif pour tous) во Франција или пак референдумот во Хрватска… Што нѝ рече нам Папата? – праша. Дека правото на секое дете е да има татко и мајка. Тоа е важно да се нагласи како повторно би дошол до израз озлогласеноста која сите ја живеат во сопствениот живот, во своето семејство, а која културата, медиумите и некои политичари сакаат да ја променат како да сакаат да направат големи експерименти на општествениот инженеринг. Би требало да се потсетиме дека тие веќе биле направени во минатото, и тоа неодамна – во Европа и на Исток – и предизвикале смрт на милиони луѓе. Затоа, потсетувајќи се на минатото ни дава можност повторно да ја откриеме убавината на сегашноста – истакна Лука Волонтѐ.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот