Владиката Стојанов присуствува на 55 Пасторална седмица, на тема: “Бракот и семејството во проторечие со современото општество”

Од 27 до 29 јануари во организација на Католичкиот богословски факултет во Загреб се одржува 55 Пасторална седмица, на тема: “Бракот и семејството во проторечие со современото општество”.

Цели 55 години курсот Пасторална недела во Загреб се соочува со актуелните потреби, проблеми и потешкотии потребни во човековото општество. Затоа и значењето на овој собир е општо прифатено како голем годишен настан со актуелна тема во врвот на интересот во Црквата и општеството. Големата важност на овој собир го потврдува и присуството на кардиналите и бискупите од Хрватска, БиХ и други балкански држави, Хрватските државни власти и градот Загреб. Католичката црква во Македонија е исто така претставена на највисоко ниво со присуството на Н.В.П д-р Киро Стојанов.

к.мк/з.и.с

Категорија: Македонија

За авторот