Во капелата на Блажена Мајка Тереза се служеше Мајска Набожност

Во понеделник, 30 мај 2016 година во капелата на Блажена Мајка Тереза во Радово се служеше молебен до Пресвета Богородица. Во присуство на бројни верници побожноста ја предводеше о. д-р Зоран И. Стојанов.

Во својот краток поздравен наговор отец Зоран истакна: „Ова е последен мај кога ќе велиме, блажена Мајка Тереза, од 4. септември, таа ќе биде воздигната во редот на светците… Тоа нас нѐ прави горди дека во Рим, каде што ќе биде прогласена за света, а и насекаде можеме и ќе можеме да кажеме – Мајка Тереза е родена во нашите краеви, во Скопје, главниот град на Р. Македонија“. Парохот д-р Зоран И. Стојанов повика сите присутни, покрај за своите лични, приватни и семејни молитви, прозби и молби да го додадат – „воскликот до Господа Бога за единство на христијаните, зашто Бог е Еден и основа Една Црква…“ Во продолжение додаде: „Оваа е прекрасен ден за сите, зашто Исус вели: – каде се двајца или тројца во мое име таму сум и јас…, нас не има многу, толку е поголема и милоста Божја.“

Покрај парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово омилени места за молитва се и двете капели, посветени на Марија од Назарет и Мајка Тереза.

к.мк/Наталија Стојанова

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот