Вистински Божиќ
Која е вистинската смисла на празникот Божиќ? И каков Божиќ ние живееме? Споредуваме три модели, според кои секој човек може да се пронајде.
ИДЕАЛЕН БОЖИЌ |
РЕАЛЕН БОЖИЌ за многу луѓе |
ВИСТИНСКИ БОЖИЌ за сите |
Едно големо среќно семејство околу масата, полна со сите Божји дарови, јадења и пиења; сите насмеани, млади и убави… додека надвор нежно паѓа снег |
Сам си, со твојот стар и болен родител, пред обичната секојдневна супа, заради состојбата на твоето здравје и твојот буџет… не можеш да си дозволиш повеќе … и ладно е |
Преполна е евхаристиската трпеза и многу браќа се враќаат да се нахранат од Лебот на животот кој слезе од небото, кој од љубов кон нас откако стана човек се дарува за нас како Леб на животот |
Многу луѓе те среќаваат, те поздравуваат и ти посакуваат најдобри желби за вашата среќа | Одиш по истиот пат, и кој ќе те сретне не ти одговара ниту на вашиот поздрав; те игнорира | Словото Божјо кое се навестува на литургиското славење и за кое исто така и сам размислуваш, создава заедница на верници |
Новогодишно дрво богато украсено и опкружено со семејството и пријателите, сите насмеани и си разменуваат подароци |
Скоро никој ништо не ти поклонил, или си добил нешто не многу вредно и корисно, поради строгото штедење |
Божиќната елка претставува дрво на животот – полна е со плод на добриот живот кој доаѓа од Евангелието |
Еден одмор од соништата на некое ексклузивно место на планините или по песочните плажи на малите острови на океаните | Остануваш во родното место и деновите за одмор ти поминуваат во досада; немаш пари да си дозволиш било какво патување, макар и на кратко | Празникот (одморот) кој го живееш не е само една заграда од севкупниот живот без тон и без вкус, туку почеток на еден живот кој нема крај, во домот Божји |
Добротворна иницијатива со многу пристапи, за да се создаде една подршка и на оддалеченост | Се обидуваш да организираш нешто ново… и се наоѓаш во истите ситуации како и порано… | Бог доброволно го дарува сето тоа што го има: својот Единороден Син, за да ги спаси од смртта сите свои синови |
Телефонот кој цел ден ѕвони примајќи СМС и ММС пораки како и од контактите преку фејсбук | Се чини дека никој не се сеќава на тебе, и дека немаш ниеден пријател | Словото Божјо стана човек, стана еден од нас, живее меѓу нас |
Еден ден во кој нема да слушнеме да се зборува за војни, кризи, црни хроники,… барем еден ден различен од останатите денови од годината | Ден полн со тага и мака заради штотуку ужасните новости | Бог го дава својот мир на луѓето што ги сака, односно на сите; потоа се препушта на нашата добра волја да ги живееме големите очекувања, нашите и оние на Бог |
Да се слави Божиќ не е само да се излезе од конкретната ситуација и да се бара свет удобен само за неколку часови. Да се спознае суштината потребно е и да се дадат конкретни одговори и да се доближи реалноста со сонот, пред се сонот Божји, а потоа и оној човечкиот.
З.А.
Категорија:
Размислување