Вистинската љубов доаѓа од Бог

Не доаѓа целата љубов од Бог, но Бог е „прва љубов“ – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 8 јануари во капелата на домот Света Марта. Папата повтори дека Бог секогаш прв љуби и дека не е важно колку сме грешници.

Папата зборуваше за Божјата и човечката љубов осврнувајќи се на делот од Првото послание на свети Иван апостол. Свети Иван развил долго размислување за двете главни верски заповеди: љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот. Љубовта сама по себе е убава, а сепак искрената љубов се зацврстува и расте во себедарувањето – рече Папата.

Зборот љубов често се употребува иако секогаш не се знае што таа значи. По некој пат мислиме на љубовта изразена во сапуниците или на заводливата љубов кон некоја личност која постепено згаснува. Од каде доаѓа вистинската љубов? „Секој кој љуби од Бог е роден затоа што Бог е љубов.“ Иван не вели: „Секоја љубов е Бог“ туку „Бог е љубов“ – рече Светиот Отец.

Иван истакнува една карактеристика на Божјата љубов: „Таа љуби прва“. Потврда на тоа наоѓаме во евангелискиот дел кој зборува за умножувањето на лебовите. Исус го гледа мноштвото народ и се смилува. Љубовта која Исус ја чувствува кон луѓето кои го опкружуваат го поттикнува со народот да трпи, да се вклучи во животот на народот.“ Божјата љубов која никогаш не претходи на човечката љубов се потврдува во илјада примери од Захеј до Натанаил и изгубениот син – рече Папата.

Кога во срцето нешто чувствуваме и од Бог сакаме да бараме прошка Тој веќе нè чека за да ни прости. Добро е да знаеме во оваа Година на милосрдието дека Бог секогаш нè чека. Зошто? Нè чека за да нè прегрне и за да ни каже: „Сине или ќерко те љубам.“ Дозволив заради тебе да го распнат мојот Син; таа е цената на мојата љубов. Тоа е дарот на љубовта – рече Папата.

Бог ме чека, сака да ја отворам вратата на своето срце: секогаш треба да ја чувствувам таа сигурност. Ако пак кај некој се појави сомнеж дека е достоен за Божјата љубов добро е затоа што Бог те чека таков каков што си. Треба да одиш кај Господ и да му кажеш: „Ти знаеш дека те љубам; или ако не чувствувам да му кажам: Ти знаеш Господи дека сакам да Те љубам, но голем грешник сум, грешница. Тој ќе го направи истото што го направил со изгубениот син кој сите пари ги потрошил на задоволства. Нема да дозволи да го завршиш својот говор, туку ќе те замолчи со прегратката на својата љубов – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот