Покрај семејството, секој свештеник има уште едно духовно семејство, а тоа се неговите парохјани. Тој е духовен татко, отец во верата на заедницата на која и служи. Неговиот ден се состои од секојдневна света Литургија, слушање на исповеди, помазание на болните, служење на оние кои му доаѓаат на помош. Свештеникот може да служи на парохијата одредено време и потоа може да биде премесетен на некоја друга парохија или на некоја друга служба во Црквата. Тој се потпира на верниците од парохијата и од нив очекува поддршка. Не очекувајте постојано да биде достапен цело време само за вас, затоа што од него имаат потреба и многу други луѓе.
Кога оставате пари на Црквата, можеби ќе се изненадите, но тие пари не се за него, туку за Црквата и покрај тоа што ниту еден свештеник не добива фиксна плата. Немаат платено или неплатено отсуство. Додека сите останати работат одреден број часови во седмицата со слободни денови во неделата и празниците, свештениците се на располагање за вас 24/7. Затоа, не се лутете ако понекогаш не успеат веднаш да одговорат на вашите барања и потреби. Па да бидеме искрени и тие се само луѓе, како сите останати, па и тие понекогаш имаат свои слабости, како и ние.
Можеби ви се случило некогаш да си зборувал нешто грдо зе некој свештеник или пак барем си слушнал некој да зборува лошо за нив. Ве молам поправајте ги таквите, не им давајте за право и не се впуштајте во празно озборувања без да ги знаете фактите.Наместо да ги напаѓате помогнете им или понудете им некоја ваша услуга за да им го ослесните денот. Не е лесно да се излезе во 2 или 3 часот по полноќ, особено во опасните населби, заради тоа што некој поминува низ тешки моменти од животот и сака да разговара со свештеник, да токму во тој момент, затоа што тогаш има потреба… или пак сака да се советува, а неретко ги повикуваат свештениците во тоа време од нoќта за да поделат елеопомазание на болни на некој што е на смртна постела, пред умирање. Доколку некој во тоа време од ноќта од нив побара помош, мора да се разбудат од сон, а утредента пак ги очекува секојдневните обврски, утринска богослужба…. Кој е тука за нив кога се болни или имаат итен случај среде ноќ? А, тие се тука за нас да ни служат, затоа што ако ги немаме, кој би нѐ исповедал, кој би ни поделил помазание на болните, кој би ни го дарувал Христос во светата Причест, кој би не благословил….?
Сетете се на нивните родендени, годишнини од ракополагање и важни настани од нивните животи. Славете со нив, плачете со нив. Понудете рамо за помош. Ако паднат, не ги осудувајте и не ги критикувајте. Подигнете ги и помогнете им да продолжат понатаму со нивниот животен пат. Не се навредувајте ако не ги исполнат вашите очекувања. Ниту еден свештеник не е совршен.
Затоа пазете ги вашите свештеници, сетете се на оние што ве крстија, миропомазаа, ве венчаа, ви поделија елеопомазание на болни. Сетете се на оние кои секојдневно служат света Литургија за вашите накани и молат за вас. Господ да ги благослови нашите свештеници во името на Исус, нашиот вечен Првосвештеник.
Благодарам.
преземено од ФБ Секој ден со Бог