Насилството не смее да поттикне ново насилство. Од водачите на христијанските Цркви како и од еврејскиот и исламскиот свет едногласно доаѓа одлучна осуда на терористичките напади во Шри Ланка. Истовремено силен е и повикот за единство и молитва против секое зло.
Тага, гадење и осуда на насилството, но и длабока солидарност и близина со жртвите на теорирстичките напади извршени на Велигден во Шри Ланка во кои загинаа 310 луѓе. Така христијанските Цркви во светот и различни вероисповеди се обединуваат со апелите и молитвата на папата Фрањо.
Екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј I одлучно го осудува секој теористички напад и секое дело на омраза и фундаментализам без оглед кој е неговиот извор и ги повикува сите луѓе на соработка за да се воспостави мирен соживот и соработка и тоа преку дијалогот и взаемното почитување.
И московскиот патријарх Кирил испрати порака со сочувство до претседателот на Шри Ланка. Длабоко сум ужаснат – пишува тој, се надевам дека државните власти и надлежните тела ќе направат сè што е можно не само оние кои го извршиле тие крвави злосторства, туку и нивните организатори за да не ја избегнат одговорноста за тие зли дела кои ги извршиле. Поддршка за народот на Шри Ланка доаѓа и од кантерберискиот надбискуп Џастин Велби кој повикува на единство додека го одбива секој облик на омраза и поделби и ги гарантира своите молитви за жртвитите.
Светскиот совет на Цркви (WCC) ги повикува сите христијани во светот да се обединат против сè што ја загрозува верската, општествената и културната хармонија покажувајќи дека моќта на мирот и љубовта се посилни од било кои други моќности.
Солидарност со населението во Шри Ланка изразија сите епископски конференции, како и Собранието на католички ординарии во Светата Земја, гарантирајќи ги своите молитви за загинатите, ранетите и нивните семејства и посебно Бог да ги вдахне терористите да се покајат за убиствата и заплашувањето.
Веднаш реагираше и исламскиот свет со големиот имам Ал-Азхар Ахмед Ел-Тајип кој ги осуди тие теористички напади истакнувајќи дека се спротивни на науката на сите религии и на сите вероисповеди како и на сите меѓународни закони и општетсвени норми. Освен тоа имамот истакна дека е итно потребно поголемо ангажирање во спротивставувањето на сите облици на тероризам.
Исто предупредување доаѓа и од еврејскиот свет. Претседателот на Светскиот еврејски конгрес Роналд С. Лаудер бара нулта толеранција кон оние кои се користат со терор за да ги постигнат своите цели. Изрази на сочувство пристигнуваат и од голем број христијански здруженија како што е фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ која предупредува дека верската слобода треба повторно да биде една од главните права на човекот.
Ватикан њуз/к.мк