Верата е дар кој го менува животот, не може да се купи

Каква е мојата вера во Исус Христос? Тоа е централното прашање во проповедта на Папата на светата Литургија на 15 јануари во домот Света Марта. Посака Господ да ни даде да растеме во верата во Исус Христос Кој простува, Кој ни ја дава годината на милоста и верата која нè поттикнува на благодарност.

Каква е мојата вера во Исус Христос? Тоа е централното  прашање во проповедта на Папата на светата Литургија на 15 јануари во домот Света Марта. Поаѓајќи од денешното Евангелие за лекувањето на фатениот кој четворица – заради големото мноштво народ – го спуштиле преку кровот на куќата, Папата нагласи дека за вистинското разбирање на Исус потребно е отворено срце и подготвеност да се следи на патот на простувањето и понижувањето. Верата – рече – никој не може да ја купи. Таа е дар кој го менува животот.

Луѓето кои го спуштиле фатениот преку кровот имале вера, како што имала и жената која ја допрела Исусовата облека за да оздрави, како што ја имал и стотникот чиј слуга Исус го излекувал. Имале силна, храбра вера која чекори напред; имале срце отворено за верата – рече папата Фрањо.

На настанот со фатениот Исус прави чекор напред. Во Назарет – објасни Папата – Тој го започнал своето послание и во синагогата навестил дека е испратен да донесе ослободување на угнетените, затворениците, да го врати видот на слепите… прогласува година на милости – односно година на прошка, приближување на Господ; да го отвори патот кон Бог. Овде прави нов чекор и вели дека не е испратен само да лекува болни, туку и да им ги простува гревовите.

Имало таму и такви кои имале затворено срце, но – во одредена мерка – прифаќале дека Исус би можел да биде исцелител. Но да простува гревови е нешто посилно над тоа. Исус вели: „Синот Човечки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – и тоа е чекор напред. Започнува да зборува на начин кој во одредена мера ќе ги обесхрабри луѓето, па и некои од учениците кои го следеле. Папата потсети на реакцијата на Исусовиот говор за Евхаристијата и јадењето на неговото Тело како пат до спасението: „Овие се тешки зборови“ – кажале.

Сфаќаме дека Бог доаѓа да нè спаси од болестите, но пред сè доаѓа да нè спаси од нашите гревови – нагласи Светиот Отец. Заради тоа е испратен: за да го даде животот за нашето спасение. Тоа е она што е тешко да се разбере – и тоа не само за книжниците, туку и за учениците. Повторно потсети на прашањето кое Исус го поставил по „тешките зборови“ за Евхаристијата: Да не сакате можеби и вие да си заминете?

Каква е мојата вера во Исус Христос? Верувам ли дека Тој е Бог, Син Божји? Го менува ли таа вера мојот живот? Ја прогласува ли во моето срце она година на милостите, простувањето, приближувањето на Господ? Верата е дар. Никој не „заслужува“ вера. Никој не може да ја купи – нагласи Папата и праша: Ме доведува ли мојата вера до Исус Христос во понижувањето? Не само понизноста, туку понижувањето, покајувањето, молитвата која вика: „Прости ми Господ. Ти си Бог, Ти можеш да ги простиш моите гревови.“

Нека Господ ни даде раст во верата – посака Папата. Благодарам, способноста да го фалам Бог е доказ дека верувам Исус Христос е Бог во мојот живот, дека е испратен за да простува. Благодарноста е бесплатна. Таа е чувство кое го дарува Светиот Дух и нè води да признаеме: „Ти си единствениот Бог.“ Нека Господ даде да растеме во таа вера во Исус Христос Кој простува, Кој ни ја пружи годината на милоста и верата која нè поттикнува на благодарност – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот