И јас имам своја приказна. Јас сум маслинка. Во една книга која ја нарекуваат Библија, ме спомнуваат повеќе од илјада пати. Некои христијани ме нарекуваа знак на Божјата провидност и грижа за луѓето. Други пак, поради мојата цврстина и отпорност, ме нарекуваат како симбол на силата. Моја гранка донел некоја голубот на Ное како знак на помирувањето на Бог и луѓето. А кога Тој, Учителот влегол во Светиот град Ерусалим, ги кинеле моите гранчиња и мавтале како на Месија. И јас бев радосна што можам да го дарувам своето зеленило и да ја возвеличам славата. Моето стебло е во длабоката долина, кај потокот кој што некогаш се викаше Кедрон, под величенствениот храм. Бев некогаш одамна со своите пријателки во таа градина посадена. Поминуваа под моите гранчиња познати и непознати, некои се восхитуваа на мојата убавина, некој ме тргнуваа како да сум безвредна. Но Тој, Учителот, Тој ме прегрнуваше и како од мене да бараше уште сила, уште провидност, разбирање. Ги прислушкував честопати Неговите молитви додека учениците безгрижно спиеја. Го слушнав како плаче, го оплакува светиот град. Не го разбирав, но чувствував дека му е потребна близина. Жал ми е што во тие моменти некој голуб не откина барем еден лист од мене за да му го подари. Оние кои ги кинеа моите гранки за неговото свечено влегување сега се некаде на друго место.
Не ја разбирав неговата молитва, но чувствував дека се моли за нешто позитивно, оптоварен со тоа што не го разбираат, што му подготвуваат нешто кобно.
Молеше, во молитвата го спомнуваше својот Отец, плачеше, се потеше. Моите жили ја почувствуваат неговата крв и вода од неговата пот. Ми беше многу жал зошто толку страда. Жал ми е што луѓето не го забележуваа. Сакав тоа еднаш да го сфатат и да погледнат во Него.
Дојдоа некои луѓе и сурово го одведоа, го удараа…
Подоцна слушнав и дека го убиле, не знам зошто, но знам дека беше добар човек. Но слушнав и дека воскреснал, што ли пак тоа значи?
Сигурно е кај Оној кој го молеше да направи нешто убаво, неговата молитва и солзите не беа залудни.
Само за крај уште еден цитат, кој не ми е потполно јасен, но сеедно ќе го споделам со Вас: „Љубовта не е љубена“ можеби и со нас Бог, нашиот градинар, ќе успее да направи нешто убаво од што ќе потече елејот на добрината и преобраќањето.
Фрањевци Сплит/к.мк