Бискуп Стојанов служеше света Литургија за погодените од огнената стихија во Македонија, соседството и пошироко

Бискуп Стојанов служеше света Литургија за погодените од огнената стихија во Македонија, соседството и пошироко

На 08 август 2021 година Н.В.П. монс. Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх во Катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје служеше света Литургија за погодените од огнената стихија, а на светата Литургија сослужуваше и о. Марјан Ристов.

На почетокот од светата Литургија бискуп Стојанов ги повика верниците да се вклучат во молитвата за погодените од пожарите во Македонија, соседството и пошироко, воедно повика на молитва и за оние што се погодени од поплавите како и за мир во светот. При оваа пригода бискупот Стојанов се молеше за оние што останаа без покрив над главата, за оние што несебично се вклучија во гасењето на пожарите, пред сѐ за пожарникарите кои натчовечки се бореа и се борат во гаснењето на пожарите, волонтерите, одговорните и за оние што дојдоа на помош, мислејќи овде на пожарникарите и волонтерите од странство.

Молејќи се за погодените од огнената стихја, поплавите и немирите во светот, бискуп Стојанов не заборави да повика на молитва и за погодените од пандемијата Ковид 19 како и за медицинските лица.

Ставајќи ги сите под покровителство на Пресвета Богородица и молејќи нејзино застапништво пред Господа Бога им посака Божји благослов на сите погодени.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот