На 9 септември 2020 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ја посети општина Куманово. каде оствари средба со градоначалникот на Куманово, г-дин Максим Димитриевски. Епископот Стојанов беше придружуван од канцеларот протојереј ставрофор Марјан Ристов и архитектот инж. м-р Антон Кајтази.
На средбата се разговараше за претстојната изградбата на Католичката црква, при што бискупот Стојанов изрази благодарност за досегашната добра соработка помеѓу Католичката црква и општина Куманово.
Во овој момент верниците од Куманово своите верски потреби ги извршуваат во капелата „Свети Иван Крстител“ Куманово.
к.мк