Бискупот Марсијанте: Подметнувањето пожар е грев против Создателот

Бискупот Марсијанте: Подметнувањето пожар е грев против Создателот

Италијанскиот бискуп од Цефала, Џузепе Марсијанте, остро го осуди пироманството од кое следуваат разорни пожари што во последните денови уништуваат хектари вегетација на Сицилија.

Владиката Марсијанте во проповедта на 6 август рече дека лицата што го прават ова злосторство прават грев против Создателот. Тие загрозуваат човечки животи и ги уништуваат скапоцените еколошки добра потребни за опстанок на сите созданија.

Епископот одлучи милостината од таа недела да се донира на Каритас за помош на оние што претрпеа штета од пожарите.

Сите ние треба да најдеме одговори, така што овој свет не би бил место на насилство, неправда и смрт, туку градина што треба да се обработува и чува. Преку култивацијата, создаваме простор за размислување за големите еколошки, општествени, културни и морални прашања што го карактеризираат денешното општество, рече владиката Марсијанте.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот