Бискупите од Еквадор и Бразил со прогонуваната Црква во Никарагва

Бискупите од Еквадор и Бразил со прогонуваната Црква во Никарагва

Бискупите на овие две земји од Латинска Америка ја осудија суровата репресија со која санданистичката влада ја подложува црковната заедница и побараа поправеден демократски систем за земјата.

Еквадорските бискупи испратија братско писмо на солидарност до бискупите во Никарагва, земја во која католиците – како што се наведува во писмото – трпат најтешки прогон и репресија поради нивната верност кон евангелието на животот, слободата, правдата и мирот. Својата посебна блискост еквадорските пастири ја изразија и со монсињор Роланд Алварез, бискуп од Матагалпа, кој веќе две недели е блокиран во бискупската резиденцја, која е под надзор на интервентната полиција, заедно со свештеници, семинаристи и верници. Ова вознемирување дополнително се влошува со одлуката на владата на претседателот Даниел Ортега да затвори повеќе од десет католички радио станици и да ја забрани телевизиската програма која ја произведува Црквата.

Охрабрување и молитви од Еквадор

Писмото, упатено до монсињор Карлос Енрике Херера, бискуп од Жинотега и претседател на Никарагванската бискупска конференција, поттикнува надеж за подобри денови за сите сиромашни и маргинализирани во никарагванското општеството, во послободен, поправеден и побратски демократски систем. Освен што ветија дека ќе се молат за Црквата подложена на такви вознемирувања, еквадорските бискупи му го изразија на монсињор Херера своето уверување дека Господарот на историјата ќе продолжи да ја следи и поддржува неговата пророчка и пасторална акција во народот, кој бара почитување и заштита на неговите основни човечки права.

Писмото, од 15 август, беше потпишано во име на сите еквадорски бискупи од монс. Луис Кабрера, надбискуп од Гвајакил и претседател на Еквадорската бискупска конференција монс. Алфредо Еспиноза, надбискуп од Кито и потпретседател на Бискупската конференција; и монс. Давид де ла Торе, помошен бискуп на Кито и генерален секретар на Еквадорската бискупска конференција.

Загриженост на бразилските бискупи

И бразилските бискупи со тага и загриженост ги следат настаните што го обележуваат животот на црквата во Никарагва. Се чувствуваме длабоко обединети со нашите браќа бискупи и со целиот народ на Никарагва – се вели во писмото на претседателството на Националната конференција на бразилските бискупи, испратено во понеделник, 15 август, до бискупот Енрике Херера Гутиерез, претседател на Никарагванската бискупска конференција. Гледајќи наназад на настаните што го одбележаа животот на Црквата во Никарагва, бразилските бискупи – како што се наведува во писмото – го повикуваат добриот Господ да донесе мир и правда. Во таа земја се забележани и напади и уништување на католички верски слики и симболи

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот