Архиепископ Паглија: Поголема верност кон некој фудбалски клуб, отколку во бракот

Ватикан, 17.5.2013 /к.мк/ – Архиепископот Винченцо Паглија од Папскиот совет за семејство истакна дека луѓето повторно треба да ја откријат вредноста и значењето на доживотното „да“ при склопувањето на бракот.

За жал, денес поголемо значење му се дава на обврската за верност кон некој фудбалски клуб, отколку на својата сопруга или сопруг. Тоа треба да се промени, забележа архиепископот Паглија.

Сопружниците денес имаат сѐ помалку заеднички нешта, водејќи се според зборовите „никогаш не се знае“, додека оние кои велат дека во бракот се обврзуваат на верност засекогаш се сметаат за луди, додаде архиепископот. Тој истакна дека општеството денес има голем културолошки проблем, бидејќи токму културата не го помага семејството. Архиепископот потсети дека пред пред 30 – 40 години беше непримерно ако некој до одредена возраст не склопи брак, додека денес важи спротивното, а последица на тоа е недостаток на вера.

Архиепископот Паглија предупреди и на порастот на самохрани родители и деца без браќа и сестри. Тој нагласи дека семејство кое има мајка, татко и деца е столб на секоја држава и затоа секоја држава треба да промовира стабилно семејство.

Извор: CNA/Превод: го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<